Македонија
(Видео) Угриновски: Заев преку лажен сведок сака да го уапси Бачев
Марионетската власт предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со нејзините странски газди, спремаат апсење за лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, по референдумот поради наводна инволвираност за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, рече потпретседателот на партијата, Драган Угриновски, по што додаде дека веќе се измислени начинот, поводот и технологијата како да се изведе оваа акција.
Како што вели Угриновски, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води постапката против 33 обвинети лица за настаните од 27 април, има извршено разговор со заштитен сведок со кодно име „Ц1“, кој изјавил дека претседателот на ЕМ, Јанко Бачев, бил вмешан во настаните од 27 април, така што ги префрлувал лицата учесници што сега се обвинети на сигурно во јужна Србија.
„Ова е монструозна и нездрава конструкција со цел преку заштитен сведок да се измисли лажна инволвираност на претседателот Бачев“, рече Угриновски.
Како што кажа потпретседателот на партијата, записникот од разговорот со заштитениот сведок бил доставен во поштенското сандаче во седиштето на партијата.
Угриновски не сакаше да го покаже целосниот записник од разговорот и не одговори на прашањето за кои лица конкретно станува збор ниту, пак, за бројот на лицата што наводно Бачев ги префрлувал во Србија.
„Може да нè следат, прислушуваат, да ми се закануваат со апсење, но нема да дозволиме да ни го скршат духот и ќе победиме во оваа битка референдумот да не успее. Процесот што од поодамна го почна Единствена Македонија за паѓање на оваа власт веќе е тргнат храбро и решително во интерес на народот и ништо повеќе не може да го запре. Ова е борба во која сите ние сме спремни да живееме, работиме, а ако треба, и ќе умреме за Македонија“, рече Угриновски.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

