Македонија
„Универзалната сала – руинирана и запоставена од властите, изгоре во пожар“, велат од партијата Левица
„Еден од симболите на Скопје, денеска доживеа трагедија. За оваа катастрофа се заслужни властите кои со години си ја префрлаат реконструкцијата, најпрво преку екс-градоначалникот Петре Шилегов, а потоа и преку сегашната Министерка за култура, кои дозволија овој симбол на Скопје да се запушти и конечно уништи“, велат од партијата Левица.
„Речиси две години во Советот на Град Скопје се водеа расправи кој да ја реконструира Универзалната сала, за конечно ингеренциите да се префрлат на Министерстрвото за култура. Уште тогаш Советниците на Левица алармираа дека според досегашното искуство, оваа власт не е неспособна за таков зафат како реконструкција на еден од симболите на Градот. На крајот Советниците на СДС и ДУИ успеаја да ги „убедат“ и советниците од ДПМНЕ да ја гласаат оваа одлука, а епилогот од оваа сложна коалиција го видовме денес.
Универзалната сала, е подарок од меѓународната заедница, а првенствено Народна Република Бугарија, во знак на солидарност со справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Таа е aрхитектонскиот проект како зградата на Државниот циркус во Софија, изграден 1962 година, кој исто така подоцна изгорел во пожар, за врз него да се постави нова зграда. Дали се тоа намерите и на оваа власт, останува да видиме?
Ова што се случи денес со Универзалната сала, е уште еден доказ дека власт кај неспособни и корумпирани партии е погубна за државата и народот – власта на СДС, ДУИ и ДПМНЕ нè чини многу“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.
Македонија
30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови
Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат
Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај.
„Искрено им се заблагодаруваме на сите институции и тимови за нивниот професионален, посветен и солиден ангажман во справувањето со оваа ситуација.
За време на состанокот беа дискутирани понатамошните чекори што треба да се преземат за целосно санирање на последиците, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за избегнување слични ситуации во иднина.
Надлежните институции и служби остануваат во целосна готовност и ќе продолжиме да ги информираме граѓаните за сите нови случувања“, објави Елмази.

