Македонија
Универзитетите ќе ја топат сантата мраз меѓу Скопје и Софија
Во Софија се оствари средба на ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ од Софија, Анастас Герџиков, и проректорот на Униврзитетот„Св.Климент Охридски“ и професор на Факултетот за безбедност – Скопје, Марјан Ѓуровски.
Обајцата констатираат дека универзитетите имаа можност со заеднички активности, истражувања и проекти значајно да придонесат кон стопување наголемата санта мраз која е исправена пред двете држави и возобновување на меѓусебната доверба имајќи предвид дека соработката меѓу универзитетите од двете држави се одвива на ниво на заемно почитување, заклучија на средбата ректорот Герџиков и проректорот Ѓуровски.
Ректорот на софискиот, Герџиков, и проректорот на битолскиот универзитет, Ѓуровски, меѓу другото разговараа за имплементацијата на Заедничкиот меморандум на соработка меѓу двата универзитета, кој пред шестнаесет месеци беше потпишан од Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“, и ректорот на софискиот универзитет, Анастас Герџиков, со посебен акцент на Еразмус плус програмата.
Двата државниуниверзитети се очекува да ги интензивираат контактите и размената на професори и студенти од двете држави во функција на негово интензивирање преку одржување на заеднички конференции, активности и истражувања, како и изнаоѓање на механизми за подготовка и апликација на проекти поддржани и финансирани од програмите на Европската Унија.
Софискиот и битолскиот универзитет ќе организираат заедничка македонско-бугарска Универзитетска школа за студенти и професори од двете држави,а со поддршка од меѓународни фондации во Скопје.
Софискиот универзитет ги понуди на користење за македонските професори и студенти од битолскиот универзитет на сите лабаратории и информатична опрема што ги поседуваат во делот развивањето на киберпрограмите. Од друга страна Универзитетот од Софија искажа голем интерес за лабараториите кои ги има и користат единиците на битолскиот универзитет. Меѓу другото, на средбата меѓу Герџиков и Ѓуровски се потврди заемниот интерес за креирање и спроведување заеднички студиски програми и искористување на сите можности на програмата Еразмус плус.
Во рамки на работната посета на Софија проректорот Марјан Ѓуровски одржа предавање на тема „Безбедносните ризици за Северна Македонија и Западните Балкани: регионални предизвици и приоритети“. Регионалната соработка има влијание врз безбедноста во регионот и Западниот Балкан и понатаму се соочува со теми и отворени спорови кои имаа потенцијал да предизвикаат нестабилност, смета универзитетскиот професор Ѓуровски.
Проректорот Ѓуровски учествува на ЕУ-проектот „Превекс“ финансиран од програмата „Хоризонт 2020“ за научни иустражувања и иновации. Посебен акцент на меѓународниот семинар од негова страна беше ставен на факторите, контекстите и развивањето на насилниот екстремизам низ призмата на јавните политики и стратегии. Важен процес според професорот Ѓуровски е дерадикализацијата и ресоцијализацијата на лицата странски борци повратници или радикални поединци кои злоупотребувајќи ја верата може да направат безбедносни проблеми во земјата и пошироко. Меѓу другото беше искажано загрижување за појавата на политички екстремизам и радикализам кој по земјите од Европската Унија има индиции за појава и во земјите на Балканот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Можности за интензивирање на парламентарните контакти со Казахстан
Пратеничката група за соработка со парламентите на државите од Централна Азија одржа средба со амбасадорите на Република Казахстан, Киргистанската Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан, акредитирани во Република Северна Македонија.
„Претседателот на Пратеничката група, пратеникот Никола Коњановски, им посака срдечно добредојде на присутните и истакна дека ваквите средби претставуваат значајна можност за размена на ставови за актуелните билатерални односи и за унапредување на парламентарната соработка. Тој нагласи дека Република Северна Македонија му дава особено значење на развојот на политичкиот дијалог, економската соработка и културната размена со земјите од Централна Азија“, соопшти собраниската прес – служба.
Работната средба продолжи со обраќањето на амбасадорот на Казахстан, Буршаков, кој ги презентираше уставните измени и реформите што се спроведуваат во неговата земја, со цел зајакнување на демократските институции, владеењето на правото и унапредување на човековите права и слободи.
Во дискусијата учество зеде и пратеничката Дијана Илиевска, која изрази задоволство што е член на Пратеничката група за соработка и за можноста да учествува на средбата. Таа му посака успех на амбасадорот на Република Казахстан во процесот на уставните измени и реформите во земјата.
Во продолжение на средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на економските, трговските, образовните и културните врски, како и за интензивирање на парламентарните контакти и размена на искуства меѓу парламентите.
Во дискусијата беше нагласена улогата на Казахстан како важен фактор во Централна Азија и пошироко, особено во промовирањето на дијалогот, стабилноста и мултилатерализмот. Учесниците изразија подготвеност за продлабочување на соработката на мултилатерално ниво.
„Во насока на унапредување на парламентарните односи, беше предложено воспоставување поинтензивна и редовна комуникација меѓу пратеничките групи за пријателство, организирање заеднички активности, работилници и тематски конференции, како и размена на делегации и експертски посети. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за понатамошно зајакнување на билатералните и парламентарните односи и за продлабочување на соработката преку размена на искуства во реформските процеси и евроинтегративниот пат на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

