Контакт

Македонија

Археолозите на протест: Господа пратеници, не смеете да озаконите неповратно уништување на културното наследство

Објавено пред

Македонското археолошко друштво (МАД) пред Собранието на Македонија имаше протест против гласањето на измените на Законот за заштита на културното наследство, кој се најде во собраниска процедура по скратена постапка.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот јавен собир на Македонското археолошко друштво е апел до пратениците во Собранието на РС Македонија, до Владата, и целокупната јавност, да ги разбудат својата свест и совест и да спречат усвојување на измените во Законот за заштита на културното наследство, со кои бескрупулозно и свесно се уништува културно наследство со катастрофални последици, во име на поголем јавен интерес зад кој, всушност, се крие профитерска зделка од огромни размери“. Ова го изјавија од Македонското археолошко друштво.

Нивното соопштение во целост:

Со дрскиот и нетранспарентен предлог за дополнување на членот 65 од Законот за заштита на културното наследство, од страна на група пратеници во Собранието на РС Македонија по скратена постапка, се озаконува неповратно уништување на културно наследство под закрила на државата. Господа пратеници, не смеете да дозволите заобиколување на постојните правни норми и институционалниот систем, што државата ги изградила да го штити културното наследство, кое е од исто толку голем јавен интерес како и инфраструктурните проекти, и уставно загарантирана темелна вредност, која се заштитува во секакви околности и на целата територија. Не смеете да дозволите надзорен инженер, кој нема никакви познавања, грам образование, искуство и уште помалку надлежности од областа на заштитата на културното наследство да решава што е културно наследство. И што понатаму? Со кои правни или оперативни ресурси тој ќе постапува за негова заштита? Или тоа е целта на измената, да се прикрие, забошоти и уништи културното наследство за да не „се соочи реализацијата на проектот со тешкотии поради обврските што настануваат за изведувачите на работите при наоѓање археолошко наоѓалиште, односно предмети од археолошко значење“.

Господа пратеници, отворете ја археолошката карта и ќе видите дека во регионот, каде што се предвидени инфраструктурните зафати за коридорите 8 и 10 д, веќе постојат регистрирани археолошки локалитети, кои не се случајно откритие. Што со нив? И со нив ли ќе постапува надзорен инженер? Па Законот за заштитата има предвидени одредби за постапување со културното наследство при изведување инфраструктурни проекти, кои важат за сите, а треба да важат и за овој проект.

Дали сте свесни дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан е дел од светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион под заштита на УНЕСКО? Дали сте свесни колку закони и меѓународни конвенции, кои се ратификувани во оваа држава, ќе прекршите со дигањето рака „за“ овие измени? Господа пратеници, свесното уништување и прикривање на културно наследство е кривично дело без преседан кога во тоа е вклучено највисокото тело на државата, која всушност треба да се грижи за него.

Потенцираме за јавноста, дека со Законот за утврдување на јавниот интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 не е само културното наследство во ставено во опасност туку 8 други сфери во општеството регулирани со посебни закони, што е во спротивност со начелото на правна сигурност и владеење на правото. Впрочем, уставноста на овој ЗАКОН НАД ЗАКОНИТЕ, од кој потекнуваат овие небулозни измени во Законот за заштитата, не без причина е оспорен од Државната комисија за спречување на корупцијата уште во 2021. Цитирам: „Законот е со висок ризик за корупција и судир на интереси и ВО СУШТИНА ГО СУСПЕНДИРА ПРАВНИОТ СИСТЕМ ВО ДРЖАВАТА, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.‟ Дали Уставниот суд со донесување на одлука за непостапување на иницијативата на антикорупционерите направил „превид‟ и дозволил еклатантно урнисување на правниот поредок во државава заради нечии профитерски амбиции?

На крајот, господа пратеници, дали уништувањето на културното наследство е нашиот пат за ЕУ? Ги повикуваме претседателот на државата, г. Пендаровски, Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, институциите од областа на заштитата, МАНУ и универзитетите, претставништвата на меѓународните организации за културно наследство во државата, граѓанските здруженија, правдољубивите граѓани и дипломатските претставништва, особено американската амбасада во Скопје, која со децении е клучен сојузник на државата во зачувување на културното наследство и подигнување на свеста на граѓаните за неговото значење преку многуте проекти финансирани со амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство, да се приклучат кон апелот да се повлечат спорните законски измени пред да биде доцна. Не постои начин, ниту какви било средства на светот што ќе може да го вратат уништеното културно наследство, кое не е само наше, туку е светско и треба да го оставиме за идните генерации“, велат од Македонското археолошко друштво.

Македонија

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Објавено пред

Од

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно, рекол премиерот, Христијан Мицкоски, во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

dobivaj vesti na viber

Тој изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од нападите.

„Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право и сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност. Македонија, како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, останува цврсто посветена на принципите на суверенитет и територијален интегритет. Во време на растечка неизвесност, неопходни се одговорност, координација со сојузниците и јасна определба за спречување на понатамошна ескалација. Во разговорот ја нагласив и потребата од засилена грижа и координација за безбедноста на македонските граѓани кои се наоѓаат во регионот. Информирав дека институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно“, вели Мицкоски.

Тој додава дека Македонија, во контекст на своите стратешки интереси и сојузништва, ќе продолжи да дејствува принципиелно, внимателно и одговорно, во интерес на стабилноста и безбедноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Mарт – месец за подигнување на свеста за симптомите од ендометриоза

Објавено пред

Од

Март е месец посветен на подигнување на свеста за ендометриозата – време да зборуваме отворено, да ги разбиеме митовите и да ги охрабриме жените да побараат помош, велат од Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО).

dobivaj vesti na viber

Ендометриозата е хронична болест при која ткиво слично на ендометриумот (ткиво кое ја обложува внатрешноста на матката) расте надвор од матката, предизвикувајќи воспаление, болка и понекогаш неплодност.

Се проценува дека околу 190 милиони жени и девојки во репродуктивна возраст (околу 10%) во светот се погодени од оваа состојба.

Дијагнозата често доцни – во просек од 8 до 12 години од појавата на првите симптоми. Причина за ова е што болката често се смета за „нормален дел од менструацијата“, а многу жени не бараат медицинска помош навреме.

Ендометриозата може значително да го намали квалитетот на живот, да влијае на менталното здравје и работната способност, а кај 25–50% од жените со неплодност е присутна ендометриоза.

Митови и факти за ендометриозата

Мит: Силната менструална болка е нормална.

Факт: Болка која ве спречува во секојдневните активности не е нормална и бара медицинска проценка.

Мит: Само постари жени имаат ендометриоза.

Факт: Ендометриозата може да започне уште во адолесценција.

Мит: Ако имате ендометриоза, нема да можете да забремените.

Факт: Многу жени со ендометриоза успешно забременуваат, особено со соодветен третман.

Мит: Болеста се лекува со бременост.

Факт: Бременоста може привремено да ги намали симптомите, но не ја лекува болеста.

Зошто е важно раното препознавање?

Раното препознавање и соодветниот третман можат да помогнат во:

• намалување на хроничната болка

• подобрување на квалитетот на живот

• зачувување на репродуктивното здравје

• намалување на компликациите

Достапните третмани вклучуваат медикаментозна терапија, хормонска терапија и хируршки третман, во зависност од симптомите и индивидуалните потреби на пациентката.

Ниту една жена не треба да живее со хронична болка како „нормална“.

Препознавањето на симптомите, навременото обраќање кај гинеколог и информираноста се клучни чекори за рана дијагноза и подобар квалитет на живот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почна спроведувањето на Законот за работно ангажирање на лица: нов чекор кон фер услови за работа и формализација на сезонскиот труд

Објавено пред

ФЕР АНГАЖМАН

dobivaj vesti na viber

Со усвојувањето на Законот за работно ангажирање на лица, државата прави значаен исчекор кон унапредување на условите за сезонска и повремена работа, јакнење на социјалната заштита и намалување на неформалната економија.

Законот воспоставува јасна и поедноставена рамка за легално ангажирање лица за работи од сезонска или повремена природа, со што се овозможува регулирање на правата и обврските на ангажираните лица и работодавачите, како и воведување на дигитализирана постапка за пријавување и плаќање.

Со новото законско решение, ангажираните лица добиваат пристап до основни трудови и социјални права, вклучително и пензиски придонеси, осигурување во случај на повреда на работа и правна заштита, при што истовремено се задржуваат постојните социјални бенефиции. Од друга страна, работодавачите добиваат можност за брза електронска регистрација, намалување на административниот товар и поголема правна сигурност.

Законот е особено значаен за секторите со висок степен на неформално вработување, како што се земјоделството, туризмот и угостителството, и претставува основа за создавање пофер, потранспарентен и поинклузивен пазар на труд.

Ова законско решение е резултат на заеднички напори на релевантните институции и партнерските организации, во рамки на проектот „Подобри услови за вработување на сезонски работници во Северна Македонија“, имплементиран од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), во соработка со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Законот за работно ангажирање на лица претставува важен чекор кон формализација на трудот, јакнење на институционалната ефикасност и создавање одржливи и фер услови за сите учесници на пазарот на труд.

Повеќе информации за законот и начинот на негово користење се достапни на: av.gov.mk

Во наредниот период, во рамки на кампањата ќе се реализираат информативни сесии низ целата држава, каде работниците и останатите засегнати страни ќе имаат можност директно да се информираат и едуцираат за новите можности што ги носи законот. Првата информативна сесија е закажана за 4 март, 2026 во просториите на Општина Тетово, со почеток од 12:00ч.

За најнови информации, активности и корисни содржини, следете ги каналите на Центарот за истражување и креирање политики

https://www.facebook.com/crpm.org.mk

https://www.instagram.com/crpm.mk/

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет4 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет4 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет5 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет5 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа5 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет5 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет11 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет11 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет12 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија15 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија16 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет16 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет17 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет18 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет18 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет20 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет22 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија1 ден

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...