Македонија
Уредникот во „Канал 5“, Гоце Михајлоски, заболел со коронавирус преку член од неговата фамилија
Уредникот во телевизијата „Канал 5“, Гоце Михајлоски, кој е заболен од коронавирус, во неговата блиска фамилија имал член кој е позитивен на коронавирусот, потврди директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова.
Тој во последниот викенд од претходниот месец бил во Прилеп кај неговото семејство, а по три дена, откако се вратил, ги интервјуирал прво лидерот на опозицијата Зоран Заев, а потоа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Споменатото лице е хоспитализирано во ‘8 Септември’ каде е потврден позитивен наод на коронавирусот. Да, во блиска фамилија на споменатото лице има член кој е позитивен, новинарот имал контакт со тој член на неговата фамилија. За детални информации, кој и каде ќе биде ставен во самоизолација, ќе биде донесена одлука откако ќе заврши епидемиолошката анкета која е во тек“, рече Бухова.
„Канал 5“ веќе објави дека Михајлоски по враќањето од Прилеп продолжил со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми. Првите симптоми , според телевизијата, кај колегата Михајлоски се појавиле по шест дена, односно на 5 април. Михајлоски почувствувал изнемоштеност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17 часот го напуштил работното место. Дотогаш, како главен и одговорен уредник на телевизијата, имал контакти со речиси сите новинари, односно репортери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

