Македонија
Усвоен Извештајот за Македонија во Комисијата за надворешни работи на ЕП
Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на известувачот Иво Вајгл за Македонија во кој се поддржува отворање на преговори со ЕУ во јуни 2019. ЗА гласаа 47, девет против и еден воздржан.
Извештајот сега треба во текот на ноември да биде усвоен на пленарната седница на Европскиот парламент.
Вајгл поднесе еден дополнителен амандман по референдумот, во кој се истакнува дека е потребна дополнителна поддршка за евроатлантската иднина на земјата и ратификацијата на Преспанскиот договор. „Европратениците ја охрабруваат Владата да ги преземе сите потребни чекори за почитување на одредбите од договорот со Грција“, гласи амандманот.
Отфрлени беа неколку амандмани од грчки европратеници, меѓу кои амандмани на поранешната европратеничка Софија Сакорафа, која ја напушти партијата „Сириза“ пред две години и која е против Договорот од Преспа. Таа меѓу другото поднесе амандман во кој побара да се избрише придавката “македонски“ во целиот извештај. Сакорафа исто така бараше да се отстрани од текстот реченица со која се потсетува дека Македонија на почетокот од 2000-те години беше првак во евроинтегративниот процес во регионот.
Вчера на последната расправа за Македонија пред денешното гласање, европратеникот Едвард Кукан предупреди дека доколку дојде до предвремени избори во земјата – долго време ќе има мешаница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ново судење за пожарот во „Пулс“
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, треба да продолжи денеска со сослушување на сведоци, во судницата во Идризово.
Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која беше избрана за член на Судскиот совет.
На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.

