Македонија
Уставен пресече: Кацарска не ја дискриминирала Јанкулоска поради мајчинството
Уставниот суд на седницата одржана на 25 декември 2018 година донесе решение со кое го отфрли барањето на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за заштита на слободите и правата.
Од Уставниот суд се бараше да се произнесе за член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија што се однесува на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол и политичка припадност во остварувањето на правото на мајчинство и правото на породилно отсуство.
Според барањето доставено до Уставниот суд, судијката Добрила Кацарска закажувала и одржувала интензивна динамика на судење на Гордана Јанкулоска во предметот „Тенк“, прекинувајќи и го на тој начин породилното отсуство, со јавно кажани закани дека обвинетата присилно ќе биде донесена на судење доколку не се појави на закажаните рочишта, сакала да ја оствари целта во најбрз можен рок да ги исполни формалните претпоставки за донесување на веќе објавената одлука по однос постоењето на вина на Гордана Јанкулоска.

Уставниот суд констатитал нема надлежност да одлучува за права и интереси на граѓани по конкретни предмети од надлежност на судовите и други државни органи, ниту може да постапува како инстанционо повисок суд кој ќе ја цени уставноста и законитоста на нивните одлуки и преземени дејствија.
Според судот, конкретниот акт, односно пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје не е сè уште правосилна и не претставува конечен или правосилен акт врз основа на кој може да се бара заштита за сторена повреда на слободи и права
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

