Македонија
Уставните измени не се единствениот услов за Македонија – бугарската министерка тврди дека не постои билатерален проблем
Не се само уставните измени услов за Скопје, туку и договорот за добрососедство и двата протокола. Ова го истакна шефицата на бугарската дипломатија, Марија Габриел.
„Ние имаме три заемно сврзани инструменти, кои се дел од таканаречниот компромис од јули 2022 година. Уште повеќе, пак, ние имаме и многу јасна позиција на Народното собрание“, рече Габриел прашана што се случува со преговарачкиот процес на Македонија за присоединување со ЕУ, дали земјата го почитува тоа што е побарано од неа и каков е ставот на Бугарија.
Габриел го даде одговорот на седница на собраниската комисија за прашања на Европската Унија, шенген-зоната и еврозоната.
„Ако има тешкотии со уставните измени, каков е напредокот по другите теми? Вистината е дека направивме две технички средби – една во јули во Софија, една во октомври во Скопје – и, за жал, утврдуваме дека по нив нема напредок“, рече Габриел.
Габриел наведе дека Бугарија изразила многу јасна позиција пред целата Европска Унија и дека заштитата на малцинствата е критериум за почеток на преговорите на исто рамниште со критериумите за административна и судска реформа.
„Кога сакаш да бидеш член на ЕУ, треба да ги исполниш обврските што ти самиот си ги презел“, наведе Габриел додавајќи дека Бугарија немала билатерален проблем со Северна Македонија, туку во име на заедничкиот европски интерес му укажувала на Скопје што значи да сакаш да бидеш членка на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

