Македонија
Уставните измени се единствен услов, но само за почеток на преговорите, појаснува Маричиќ
Уставните измени што треба да бидат донесени во македонското Собрание се единствен услов за да се отвори кластерот, објасни вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека и во заклучоците на Европскиот совет јасно е дадено до знаење дека штом се направат уставните измени, без никакво натамошно одлагање и без нова политичка одлука, ќе има втора меѓувладиниа конференција,, на која ќе се отвори првиот кластер.
Маричиќ со тоа ја коментира изјавата на шефицата на бугарската дипломатија, Марија Габриел, која денес изјави дека не се само уставните измени услов за Скопје, туку и договорот за добрососедство и двата протокола.
Маричиќ појаснува дека се разбира оти во поширока смисла договорот за добрососедство и преспанскиот договор се ставени во преговарачката рамка како дел од добрососедските односи.
„Ние не сме кажале дека тоа нема да се почитува. Тоа ќе биде прашање до крајот на преговорите со ЕУ. Протоколите што се потпишани се спроведуваат и треба да се спроведуваат, но тоа не е услов за отворање на првиот кластер. Единствен услов за отворање се уставните измени и тоа јасно го пишува во заклучоците на Европскиот совет, а секоја друга изјава ја гледам само како политички став“, рече Маричиќ.
Со т.н. француски предлог, за што беше постигната согласност и од македонска страна, Македонија доби две меѓувладини конференции за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Почетокот на преговорите со Унијата беше означен со првата меѓувладина конференција, а втората ја содржи и преговарачката рамка.
Со тоа првата меѓувладина конференција претставува само прва фаза на отворањето на пристапните преговори, а формалниот почеток на преговорите ќе почне допрва со втората меѓувладина конференција, а услов за тоа е промена на Уставот за внесување на Бугарите во него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

