Македонија
Утре без струја делови на Аеродром, Центар и Сопиште
Од ЕВН Македонија известувaaт дека утре поради закажани технички зафати во мрежата, без електрична енергија ќе останат:
во време од 9:00 – 15:00 часот Бензинска станица Окта на бул. Трета македонска бригада, неколку помали објекти на крстосницата Трета македонска бригада до бензинска Окта во правец кон Центар, неколку помали објекти на раскрсница Трета македонска бригада со ул. Коста Новаковиќ, бул. Трета македонска бригада бр. 31-Б, ул. Пандил Шишков бр. 24 и бр. 26 и ул. Коста Новаковиќ бр. 1-А (о. Аеродром);
во 9:00 – 16:00 часот дел од с. Долно Лисиче – ул 1 од пругата до Маркет ДИМ (о. Аеродром);
од 10:00 – 12:00 часот кула 22 и зграда бр. 18 од Градски ѕид на ул. Димитрија Чуповски (о. Центар) и
во време од 12:00 – 13:00 часот дел од ул. 24 во Сопиште (о. Сопиште).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

