Македонија
Утре без струја делови на Илинден, Студеничани, Карпош и Кисела Вода

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Град Скопје утре без струја ќе останат.
во периодот од 9:00 до 14:00 часот корисниците од околината на Неце Петрол (општина Илинден)
во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците од дел од с. Батинци (ул. 1, 4 и 7) (општина Студеничани)
во периодот од 9:00 до 13:00 часот корисниците од дел од ул. Миладин Поповиќ, дел од ул. Мирка Гинова, булевар Илинден згр.97, детска градинка „Росица“, објект на поранешна американска амбасада, булевар Илинден бр. 90 и 92, како и градинката „Флораком“ (општина Карпош)
во периодот од 8:30 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Скупи под улици 20 и ул.22, Фирмите АДГ АБ, Бас Тути фрути и Институтот за градежништво (општина Карпош)
во периодот од 8:00 до 14:15 часот корисниците од ул. Борис Трајковски бр.10, Каратошев Атанас, Карат, ул. Борис Трајковски ББ, Промедика ДООЕЛ Скопје, до Лукоил на Првомајска кај кружен тек Усје (општина Кисела Вода)
во периодот од 10:00 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. Његошева (општина Карпош)
во периодот од 8:30 до 13:30 часот корисниците од ул. Иван Козаров, дел од ул. Боте Боцевски, како и дел од ул. Доситеј Обрадовиќ (општина Кисела Вода)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја две улици во Илинден и Волково

ЕВН Македонија АД известуваат дека на денес без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.30 часот, корисниците на улица бр. 27 во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на улица бр. 33 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.
Македонија
Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се гаснат, додека шест се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во различни делови на земјата. Еден од нив е во Националниот Парк Јасен во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума. Друг пожар е пријавен во село Теарце, општина Теарце, каде што се гори ниска вегетација. Во општина Сарај, во село Радуша, исто така се активни пожари кои зафаќаат сува трева и мешана шума. Четвртиот активен пожар е во општина Кичево, на потегот помеѓу селата Челопејци и Миокази, каде исто така гори мешана шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
Надлежните служби постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и забрани за палење оган на отворен простор, со цел да се спречи ширење на пожарите и да се заштитат природните ресурси.