Македонија
Утре без струја делови на Кисела Вода, Карпош и Центар

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре се планирани одредени технички зафати во дистрибутивната електромрежа и без електрична енергија ќе останат:
Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од дел од улиците Михаили Ефтихиј, Георги Димитров, делот кај Домот на слепите, дел од улиците Димо Хаџи Димов, како и улицата Мариовска, делот кај Домот на слепите во општина Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од дел од улицата Букурешка, улицата Прашка, од бр. 26 до бр. 40, како и улицата Париска, од бр. 1 до бр. 11 во општина Карпош.
Во периодот од 11 до 14.30 часот корисниците од дел од улицата Славка Динкова во општина Кисела Вода.
Во периодот од 12.30 до 15 часот корисниците од дел од улиците Ацо Караманов, Тодор Александров, Загрепска, ОУ „Кочо Рацин“, улицата Бигла и соседните улички во делот кај ОУ „Кочо Рацин“ во општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.