Македонија
Утре без струја делови на Центар, Карпош и Сарај
Од „ЕВН Македонија“ информираат дека утре поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат:
Од 8:30 до 15:00 часот на локалитетот – Матка корисниците од објектите на: Музеј „Матка“, ресторан „Кањон Матка“ и Црква Свети Андреј (општина Сарај).
Од 8:30 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Аминта Трети броевите од 70 па нагоре, поточно објектите во околината на крстосницата со ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, (Клуб на пратеници, гостилница „Ка“, Амбасада на Холандија и др. (општина Центар).
Од 8:30 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. Македонија (зграда палата Македонија (општина Центар).
Од 9:00 до 13:00 часот корисниците од дел од ул. 12 во с. Бардовци (општина Карпош).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне повремени врнежи од дожд, локално пообилни, попладне врнежите ќе престанат
Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот
Македонија
Максим Димитриевски најави нова детска градинка за 400 деца и целосна изградба на улицата АВНОЈ
Градоначалникот на Куманово и кандидат за нов мандат – Максим Димитриевски најави нов голем капитален објект – изградба на детска градинка во населбата Зелен Рид. Со која ќе се излезе во пресрет на потребите на жителите на оваа населба, но и пошироко. На локација за која во минатото биле издвојувани големи износи на финансии како отштета за поранешните сопственици на земјиштето.
„Дојде време денес да се обезбедат средства со кои ќе се изгради нова детска градинка за повеќе од 400 деца. Исто така, целосно урбано ќе се среди целиот простор околу, со што дополнителнои ќе се придонесе за облагородување на изгледот на оваа населба“, нагласи Димитриевски.
Паралелно со ова, Димитриевски најави дека во план е и изградба и довршување на сите краци од улицата АВНОЈ, како и целосно поставување на фекална канализација, со што дефинитивно ќе се надмине деценискиот проблем за жителите што живеат во тој дел на Куманово. „За сите проекти се обезбедени средства од Владата и во следниот период општината ќе ги реализира целосно“, порача Максим Димитриевски.
Тој ги повика граѓаните да му ја дадат поддршката и во вториот круг за Куманово да продолжи да расте и да се развива.
Македонија
Мицкоски од Карпош повика на масовна излезеност и поддршка за Сотир Лукровски и Орце Ѓорѓиевски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на мини митингот во Карпош, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.
Мицкоски од Карпош зборуваше како човек кој го поминал својот живот низ улиците во Карпош со карпошани и повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за број 9 за крај на бетонизацијата, за развој и напредок.
„Денес сум овде како човек кој го поминал својот живот тука во овие улици тука низ Карпош, како карпошанец и како таков сакам да кажам неколку работи коишто сметам дека се важни да се кажат. На овие локални избори народот јасно и гласно кажа која партија ја има довербата. После првиот круг ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија 33 градоначалници плус кандидатите кои се во втор круг како првопласирани и 6 како второпласирани, тогаш доаѓаме до бројка од 59 општини. Во 58 општини коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и има мнозинство во советите. Ако на тоа се додаде и огромната предност која ја има Орце во однос на неговиот противкандидат којшто вчера видовте како на медиум јавно избегна да каже дали ќе ги поддржи кандидатите во Брвеница и Кичево на ВМРО-ДПМНЕ, тоа треба да се запомни, ние знаеме, но добро е скопјани да запомнат со какви измамници имаат работа. Затоа што еднаш измамник цел живот измамник. Честа се стекнува на улица и таму се учат работи кои во училиште не можеш да ги научиш, а меѓу нив е и честа и таа се брани на улица, но овој човек не само што не ја има таа чест туку тој има од кого да учи од неговиот ментор претседателот на таа политичка партија за која одамна вие знаете за каков измамник станува збор, тие луѓе ја изгубија својата чест и ја немаат“ нагласи Мицкоски.
Мицкоски од Карпош повика на масовна излезеност и поддршка за број 9, за Сотир Лукровски и Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Скопје
„Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје убедливо победи во однос на сите други советнички листи, што значи имаме вкупно 60 општини во кои ВМРО-ДПМНЕ победи на овие локални избори во првиот круг. Јас сум убеден дека и после вториот круг ќе имаме 59 градоначалници плус Градот Скопје“ истакна Мицкоски.
Мицкоски ги повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за број 9 и Сотир Лукровски во Карпош, за развој и напредок.

