Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради планирани технички зафати во електросистемот во градот Скопје, утре без струја ќе останат:
– во периодот од 8.30 до 15 часот корисниците улицата Марко Орешковиќ (општина Кисела Вода);
– во периодот од 8 до 9.30 часот ресторанот „Интермецо“, карате-клубот „Работнички“, сервисите за миење возила на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов со броевите 70, 75, 77, 79 (општина Центар);
– во периодот од 8.30 до 18 часот стопанските и нестопанските објекти од семафорите во Пинтија до мостот на влезот во Драчево, сите компании и бензински пумпи од тој дел ќе бидат со повремени прекини во тој период (општина Кисела Вода);
– во периодот од 8.30 до 13 часот корисниците во зградата на „Кјуби“ (општина Центар);
– во периодот од 8 до 10.30 часот корисниците од улицата 1611 (општина Аеродром);
– во периодот од 13 до 15.30 часот корисниците од булеварот Трета македонска бригада, делот кај подулицата со бр. 3 (општина Аеродром);
– во периодот од 9 до 11 часот корисниците на дел од улицата Хелсиншка околу броевите 11 и 13, улицата Ташкентска околу броевите 20 и 22 (општина Карпош).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.