Македонија
Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер од над 60 километри на час.
УХМР денеска најави дека поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд од над 20 литри на метар квадратен за 24 часа.
Во Скопје, од утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните од 12 до 19 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Прес-конференцијата на Тошковски и Коцевски – најголемата карикатура на заробената држава

„Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува најголемата карикатура на заробената држава“, велат од ДУИ.
„Наместо вистинска правда за трагедијата во Кочани, пред јавноста се демонстрира трговија со влијание – еден вид трансакциска заштита меѓу главниот виновник, министерот Тошковски, и обвинител кој се наоѓа под политички притисок, со функција што зависи од волјата на премиерот.
ДУИ им апелира на професионалците во Министерството за внатрешни работи и во Јавното обвинителство да не дозволат да бидат дел од оваа трговија со влијание и на тој начин да не ја легитимираат оваа политичка зделка.
Вистинската правда не смее да се крие зад селективни истраги и медиумски перформанси. Јавноста со право бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично.
Она што ни се прикажува не е правда – туку институционален агресивен напад, еднострански насочен кон албанскиот народ во оваа држава“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром и Чаир денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците: Ѓорѓи Сугаре, Михаил Чаков и Петар Делјан. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците: Хаџи Трајко, Горноврановска, Лисец, Божин Николов Силни и Горно Лисиче. (Општина Аеродром)
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците со бр. 44, 46, 54, 62, 64 и 66 во нас. Кисела Јабука. (Општина Ѓорче Петров)
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од објектите во Касарната Илинден (во близина на АКВАДУКТОТ). (Општина Чаир)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.