Македонија
Утре истекува рокот за финансиска помош од Општина Аеродром

Општина Аеродром информира дека утре, 31 март (четврток), е последниот ден за пријавување на двата јавни повика за 2022 година за доделување финансиска поддршка за програмски активности на здруженија и фондации во делот на образованието, културата и заштитата, како и за финансиска поддршка на спортските клубови и спортските здруженија што извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината.
Огласот е објавен и на веб-страницата на Општина Аеродром на линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/7903, на кој може да се видат условите за повикот и начинот на пријавување.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта на адреса: Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ 109 Б,1000 Скопје или во архивата на Општината. Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „Не отворај“, информираат од Општината.
Со финансиската поддршка Општина Аеродром очекува да се подобри работата на здруженијата, фондациите и спортските клубови што придонесуваат за развој на спортот, образованието, културата, како и заштитата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ( Вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· во период од 09.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. 20 во С.Бразда ( општина Чучер Сандево )
· во период од 09.00 до 12.00 часот,корисниците од ул 10 и дел од ул.134. ( општина Сопиште )
· од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул.Иван Цанкар. ( општина Карпош)
· од 11.30 до 15.30 часот, дел од корисниците на ул.101 во село Волково( општина Ѓорче Петров )
· и од 12.00 до 15.00 часот, корисниците околу ресторан Теферич и дел од ул.Мариовска( општина Кисела Вода )
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи

Времето денеска, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без значителни промени.
Македонија
Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија

Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска ги посети капиталните проекти во градот. Салата АСНОМ, прочистителната станица, новиот пазар и новата градинка со капацитет за околу 150 дечиња.
„Станува збор за капитални проекти коишто беа навистина потребни и коишто сериозно го олеснуваат животот на граѓаните во Делчево.
Филипче оценува дека овие проекти не се само инфраструктура, туку се вложување во подобар живот за сите граѓани, проекти кои го менуваат животот на граѓаните на подобро. За жал, денеска Делчево не само што нема капитални проекти туку истото е целосно заборавено а тоа најмногу се одразува на граѓаните и тоа само затоа што градоначалникот не е од истата партија.
„Еве сега гледаме што значи да се нема поддршка од влада. Од оваа актуелна влада практично Делчево е заборавено и целосно е маргинализирано. Жалам што прават таква политичка сегрегација врз основа на тоа кој градоначалник од која партија е, тоа граѓаните навистина не го заслужуваат“, потенцираше Филипче.