Македонија
Утре лидерска средба за одложување на изборите

Претседателот Стево Пендаровски за утре свика итна лидерска средба, на која ќе стане збор за одложување на изборите по барање на најголемите политички партии.
Пендаровски во објавата за лидерската средба на социјалните мрежи наведе дека на средбата ќе присуствуваат и премиерот Оливер Спасовски и спикерот на Собранието, Талат Џафери.
Лидерска средба утре во вилата „Водно“ за можно одложување на парламентарните избори закажани за 12 април, датум договорен на средбата на парламентарните партии во октомври 2019. Ќе присуствуваат и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) March 16, 2020
Претходно денеска, одложување на изборите побараа лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. И двајцата во своите излагања посочија дека здравјето на граѓаните е приоритет, а изборите може да бидат одложени за понатаму поради епидемијата на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.