Македонија
Утре облачно со повремени врнежи од снег, од среда студено со температури од -10 степени

Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно со повремени врнежи, кои особено на западот и северот ќе бидат од снег и во овие региони ќе се доформира снежната покривка. Во текот на ноќта и на југоистокот понекаде врнежите ќе преминуваат од дожд во снег. Ќе остане ветровито со слаб до умерен северен ветер.
Утре нѐ очекува претежно облачно со повремени локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 6 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен локален снег во делови од регионот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде в четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните некаде ќе останат негативни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Цветановска: Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, ќе повика ли Маја Мојсова во втор круг да се гласа за него?

Кандидатката за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Цветановска, изјави дека актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски ги уништил Карпош 3 и Карпош 4.
„Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, нема нови зелени површини, нема нови паркинг места, нема нови содржини,“ изјави Цветановска.
Таа потсети дека „во Карпош 3, во Лептокарија, вети подземен паркинг со фонтана и шеталиште над паркингот – инвестиција која ја најавуваше како најголема и најважна во неговиот мандат. Од тоа има само едно големо ништо“.
„И во Карпош 3 и во Карпош 4 зелените површини ги уништи, а нови не направи. Стевчо Јакимовски го бетонизираше Карпош 3 и Карпош 4, а вети нов парк, детско игралиште, нов скејт-парк и центар за старт-ап фирми,“ додаде таа.
Во изјавата Цветановска ја спомена и кандидатката на СДСМ, Маја Мојсова, за која рече:
„Маја Мојсова, која од СДС е поставена како статист на овие избори, треба да служи само како мост за префрлање на гласовите на карпошани во вториот круг на контото на Стевчо Јакимовски. Истиот оној Стевчо Јакимовски кој го уништи Карпош 3 и Карпош 4.“
„Маја Мојсова игра улога која на овие избори и ја даде Венко Филипче и Зоран Заев,“ додаде Цветановска, прашувајќи „дали ќе биде послушник на мафијата и ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за нова и продолжена бетонизација на Карпош.“
Македонија
Костовски: Ќе изградиме Дом на култура во Бутел

„Почитувани граѓани на општина Бутел, денеска се наоѓам во дворот на велелепниот храм Свети Јован. Доблесно е кога нешто нема да успеете да направите, да признаете, но бидете сигурни дека во потегот позади мене ќе изградиме нов модерен плоштад со културен дом“, рече Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
„На оваа тематика работевме во изминатиот период. Успеавме да ги надминеме сите имотно правни проблеми и успеавме да направиме еден убав модерен проект за којшто архитектите обезбедија и 3Д анимација којашто ќе можеме да ја погледнеме.
Плоштадот ќе се простира на 3000 метри квадратни. Домот на култура ќе се простира на 900 метри квадратни. За овој проект се потребни 100 милиони денари. Истите ќе бидат обезбедени од страна на буџетот на општина Бутел“, изјави Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за Локалните избори 2025 година, имаат обврска да поднесат извештаи за примени донации во текот на изборниот процес како извор на нивно финансирање. Обврската се однесува и на финансиски извештај со податоци за вкупните приходи и расходи на изборната кампања, во законски утврдени рокови, со што се овозможува следење на законитоста на финансирањето и трошењето на средствата од страна на надлежните институции, како и увид на јавноста во изворите на приходи и начинот на трошење на средствата во изборната кампања, со цел зајакнување на довербата во изборниот процес.
Согласно рокот за доставување на Извештај за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања, за период од отварање на сметката до 11-от ден од изборната кампања односно заклучно со 09.10.2025 година до 24,00 часот, до ДКСК доставени се вкупно 61 извештаи, што изнесува нешто над 35% од вкупниот број на учесници во изборниот процес. Сите 19 коалиции доставија извештаи за донации, примени се 18 извештаи од политичките партии и 24 извештаи од независни кандидати, поддржани од група избирачи.
По истекот на рокот, доставени се уште 2 извештаи од политички партии.
Извештаите за донации се објавени на веб страната на ДКСК, на следниот ЛИНК.