Македонија
Утре претпладне дожд, а во текот на денот ќе биде сончево
До крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Повеќе врнежи ќе има во крајните западни и источни делови. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во југозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, особено по должината на Повардарието.
Во Скопската Котлина до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, на места во југозападните делови сѐ уште ќе има услови за слаби врнежи од снег, информираат од УХМР.
Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен по должината на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Од УХМР најавуваат дека од наредните денови ќе следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури до недела на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

