Македонија
Утре променливо облачно време, од среда сончево и потопло

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови по должина на Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 26 до 35 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Од среда следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. В среда и в четврток ќе дува засилен ветер од северен правец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.