Македонија
Утре сончево и многу топло со температури до 41 степен

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 34 до 41 степен. Согласно вредностите на прогнозираните температури на целата територија ќе биде активирано жолто ниво на опасност од високи температури. УВ=9.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне 39 степени.
И во четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен.
Од петок температурата ќе се намали, облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица, се чека околу половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од општините Студеничани, Шуто Оризари и Карпош без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Патишка река, Елово, Црн Врв, Малчиште, викендици Држилово, Краст Јаболце, ХПП Патишка Река, општина Студеничани;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улицата Метохиска, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Бардовци и кај викенд населбата, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 2”( цола) на улицата Коста Шахов бр.13 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Коста Шахов, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.