Македонија
Утре сончево и топло, од понеделник дожд

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната од 21 до 27степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, амаксималната ќе достигне до 25 степени.
Во недела времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни кон крајот на денот. Значителна промена на времето се очекува во вторник, проследена со опаѓање на температурата, пообилни врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МОН објави јавни повици за кариерен развој на наставниците и стручните соработници

Министерството за образование и наука објави два јавни повици за кариерен развој на наставниците и стручните соработници во основните и во средните училишта.
За прв пат наставниците-ментори во основните училишта можат да напредуваат во наставници-советници, а за наставниците во средните училишта се воведува можност да стекнат звање наставник-ментор. Кариерен развој за прв пат ќе имаат и стручните соработници во основните и средните училишта. Продолжува и процесот на унапредување на наставниците од основното образование во наставници-ментори.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека кариерниот развој не е важен само за наставниците, туку директно влијае на квалитетот на воспитно-образовниот процес.
„Го деблокираме процесот на кариерен развој. Сакаме наставниците да вложуваат во квалитетно образование на младите, затоа како Влада и Министерство отвораме можности тие да напредуваат преку валоризирање на трудот, искуството и резултатите. Младите наставници треба да имаат поддршка од поискусните колеги-ментори а нам, како креатори на политики, значаен ни е придонесот на наставниците-советници“, објасни Јаневска и ги повика наставниците да се вклучат во процесот на кариерен развој.
Во двата јавни повика, објавени на веб-страната на Министерството за образование и наука, наведени се бројот на наставници и стручни соработници кои може да се стекнат со звања, по општина и училишта. Барањата за напредување во звања, наставниците и стручните соработници можат да ги достават најдоцна до 23.9.2025 година.
Македонија
ДУИ со повик до партиите да го поддржат законот за ветинг

ДУИ упати повик до сите политички партии да го поддржат предлог-законот на ДУИ за ветинг.
Според партијата, процесот на ветинг е неопходен и клучен за да се изгради довербата на граѓаните во правдата, институциите и државата.
„Нашиот став е јасен и непроменлив: им упатуваме повик на сите парламентарни политички партии да го поддржат предлог-законот на ДУИ за ветинг со меѓународен надзор, еден сеопфатен и бескомпромисен процес што ќе ја врати довербата на граѓаните во правосудството и институциите, го повторуваме нашиот одамнешен став за истрага против сите политички партии, без исклучок, за периодот од изминатите 33 години, бараме проверка и контрола на потеклото на имотот на сите носители на јавни функции во последните 33 години: министри, пратеници, градоначалници, директори, судии, обвинители – сите, без исклучок; ја потенцираме потребата од длабoка истрага на процесот на приватизација, кој во многу случаи служеше како основа за создавање на недопирливи олигарси. Ова темно поглавје не смее да остане нерасчистено. Правдата не се мери со изјави, туку со конкретни одлуки, бараме исто така истрага за дејствувањето на безбедносните служби на државата, како и за функционерите кои биле дел од тие служби од 1945 година наваму: ОЗНА, УДБ-а, СДБ, ДБК, УБК, АНБ“, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.
Според него, ова не е само политички проект, ниту пак стара заложба на ДУИ, туку услов за правда и за поправедна иднина за сите граѓани.
Македонија
Отворена нова градинка „Верверичка“ во Кисела Вода

Во населбата 11 Октомври Згради во општина Кисела Вода денеска беше отворена новата градинка „Верверичка“, како дел од ЈДГ „Весели Цветови“.
Градинката е изградена во финансиско партнерство помеѓу Општина Кисела Вода и Комерцијална банка, која со донација од 6 милиони придонесе за реализација на овој проект, вреден над 14 милиони денари.
Новата градинка се простира на површина од 525 м², располага со 6 занимални, 4 воспитни групи и јасли, и овозможува згрижување на 125 деца. Оваа инвестиција директно ја решава проблематиката со недостиг на места во градинките.
Со отворањето на денешниот објект, изградбата на уште две градинки кои се во тек, претходно отворените две градинки и петте градинки кои беа доградени, во моментот во Кисела Вода, за прием чекаат само 20-тина дечиња, велат од Општина Кисела Вода.