Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност

До крајот на денот ќе преовладува облачно време, а во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и облачноста во втората половина од ноќта ќе се намали.
Утре ќе биде сончево, во западните делови со појава на мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а попладне од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3 , а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност преку денот и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во понеделник под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува врнежите да бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Во вторник ќе дува засилен до силен северен ветер кога ќе има опаѓање на дневните температури, а во деновите потоа ќе бидат во позначителен пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование

Владата обезбеди 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември.
Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, 9 месеци ќе добиваат по 3.500 денари.
„Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за таа цел, како Влада преку овие мерки и чекори ги стимулираме младите своето образование да го продолжат во некоја од дуалните паралелки. Дополнително, потврда за тоа дека со оваа мерка како Влада ја развиваме соработката со реалниот сектор е вклучување на 550 компании кои директно ќе ја спроведуваат практичната обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки“, велат од Владата.
Се додава и дека се прават конкретни чекори за унапредување на образованието и создавање на кадри кои ќе добијат можност, доколку не го продолжат својот образовен процес на повисоко ниво, по завршување на средното училиште да се вработат во некои од компаниите.
„Преку ова ја намалуваме невработеноста, но и ги стимулираме младите да ги усовршат практичните вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд. Образованието е најважниот столб на развојот на Македонија. Преку квалитетно и реформирано образование, младите ќе останат да ја градат сопствената иднина во Македонија. Нашата заложба е да обезбедиме иднина за сите и да ја вратиме надежта кај младите“, се додава во соопштението на Владата.
Македонија
Сончево време со температура до 35 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Попладне претежно во западните планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.
Македонија
Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтер синоќа по полноќ го погоди охридскиот регион.
Потресот е регистриран во 00 часот и 48 минути, а потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга.
Според досегашните податоци со кои располага сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.