Македонија
Утре сончево со температура до 29 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
До сабота времето ќе биде стабилно со пораст на температурата. В недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во почетокот на наредната седмица се очекува да биде нестабилно на повеќе места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје за периодот 2025–2027 година
За време на 29-та сесија на Конференцијата, Република Северна Македонија, денеска успешно е реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година, информираат од МНР.
„На гласањето, кое се одржа денес во Хаг, нашата кандидатура освои 86 гласови, во конкуренција со три држави за две слободни места“, се истакнува во соопштението.
Министерот Муцунски на својата фејсбук страна истакна дека овој реизбор е потврда за нашата посветеност кон глобалните напори за разоружување и уништување на хемиското оружје, како и за нашата активна улога во поддршката на целите и принципите на Организацијата.
„Во следниот период, остануваме целосно посветени на зајакнувањето на меѓународната безбедност и примената на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје“, заклучи Муцуски во својата објава.
Македонија
Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник
Дебарско кичевскиот митрополит Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник, одлучи Синодот на МПЦ-ОА.
Ополето ќе биде во црквата Света Софија истиот ден, со заупокоената Литургија ќе служи Архиепископот Стефан во сослужение со надлежните епархиски архиереи и претставниц на други помесни цркви.
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј.
Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот.
На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.
Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.
Царство Небесно и вечен спомен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, стои во соопштението на Синодот на МПЦ-ОА, пренесе „Религија.мк“.
Македонија
Заменик-министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева
„Градењето капацитети за управување со миграцијата се планира и имплементира согласно националните потреби и интереси, но и во согласност со ЕУ политиките и стандардите, при што се земаат предвид и препораките содржани во Извештаите за напредок на Европската Комисија, како и искуствата на ЕУ државите“.
Ова, меѓу другото, го истакна заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени во своето денешно обраќање во рамки на редовната 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции (IOM), што се одржува во Женева, Швајцарија, посветена на натамошно усогласување на актуелните миграциони политики, како и прашања од значение за натамошното функционирање на оваа, инаку една од најголемите меѓународни асоцијации.
Во своето обраќање заменик министерот Исени презентирајќи дел од законските решенија и активностите по однос на миграциите на национално ниво, ги посочи и главните стратешки документи во оваа област како што се Националната стратегија за интегрирано гранично управување, Националната стратегија за борба против илегална миграција и прекуграничен криминал, Резолуцијата на миграциската политика и Патоказот за владеење на правото.
„Меѓународната соработка претставува важен дел во јакнењето на капацитетите за управување со миграцијата – како во областа на размена на информации и искуства, така и во областа на оперативната соработка и експертската и техничката поддршка“, потенцираше заменик министерот Исени, нагласувајќи ги во тој контекст имплементираните регионални проекти, финансиски поддржани од Европската комисија, а спроведени преку Фронтекс и други релевантни партнери, како и национални проекти дизајнирани и прилагодени за нашите потреби.
Инаку, во рамки на оваа четиридневна 115 Сесија, која што официјално започна со работа денеска, а ќе трае до четврток (28.11.), свое обраќање имаше и генералниот директор на ИОМ, Ејми Поуп, која што го презентираше извештајот и стратешките заложби на организацијата во наредниот период.