Македонија
Утре студено и ветровито, ќе провејува и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, на места со провејување снег. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Повремено во делови од котлината ќе провејува снег. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 4 степени.
Од недела ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со пониски утрински температури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Лага e тврдењето на Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини
„Љупчо Дон Николовски, очигледно, кога станува збор за народни пари не памети колку каде дал, секако сеедно му е. Лага e тврдењето на Дон Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини. Хотелите во САД се платени неколку стотина евра од вечер, потврда за тоа се и документите кои самиот Дон Николовски ги доставил во сметководството на МЗШВ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дон Николовски ништо не го вади од одговорноста, дека додека земјоделците тука мака мачеле со откуп и пласман, тој ноќевал по скапи хотели платени неколку стотина евра. Дон Николовски раскалашено се однесувал со народните пари. Дон Николовски е лицемерен, никој повеќе не му верува„, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Доцни платата за вработените во Јавното претпријатие „Улици и Патишта“
Вработените во Јавното претпријатие Улици и Патишта не ја добиле платата за август која им се исплатува во септемри, иако рокот за исплата е до 15-ти во месецов. Во отвореното писмо до јавноста, вработените тврдат дека се под константни притисоци и се плашат да штрајкуваат, а како главен виновник за состојбата со платите го посочуваат директорот на претпријатието. Тие тврдат и дека претпријатието има пари, но плати нема.
„Платата за месец септември не е исплатена иако постои информација дека Град Скопје пред десетина дена префрлил повеќе од 40 милиони денари. Новоназначениот ВД директор, Ванчо Умленски, наводно го преземал компјутерот од секторот за Финансии и сите средствата ги пренасочил на добавувачи, меѓу кои и 19 милиони денари на „Пуцко Петрол“, иако на вработените им се потребни 15 милиони денари за исплата на платите„, велат Вработени во ЈП Улици и Патишта.
Од Град Скопје тврдат дека парите за плати треба да ги обезбеди самото претпријатие.
Македонија
Свежо утро, а преку ден сончево и релативно топло
Утрово посвежо, а преку ден, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така, утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло време. Според најавите, минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Слично време нѐ очекува и утре, додека за во вторник и во среда, најавено е преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни, со услови за појава на грмежи.