Македонија
Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
На седницата, покрај редовните членови на Советот, по покана на претседателот ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.
Од Кабинетот соопштија дека на деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Велешко АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – (FAO), на 11 и 12.03.2025 година, ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи на 11.03.2025 (вторник) во Велес, а теренскиот на 12.03.2025 година (среда), во с. Башино село.
„Ја известуваме јавноста од општина Велес и локалното население во с. Башино село, дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба. Целта на вежбата е да се утврдат добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите, која е предмет на планови за итни мерки на АХВ. Преку вежбата, по однапред утврдено сценарио и доделување на улоги на учесниците, ќе се реализираат активности во случај на појава на болеста на африканска чума кај свињите. По спроведување на вежбата, ќе се направи евалуација на подготвеноста на Планот за итни мерки и ќе се утврдат добрите и лошите страни на одговорот при евентуална појава на болеста, кои можат да го згрозат здравјето и благосостојбата на животните“, посочуваат од АХВ и додаваат:
„На симулациската вежба ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија“.
Македонија
Димитриевска-Кочоска бара трпение од граѓаните за скандалот со Петровска: Многу скоро на сите ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска и седум дена по скандалот во Собрание, е на ставот дека не погрешила и нема да и се извини на пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска по дискусијата во Собранието, но од граѓаните побара трпение. Најави дека за кусо време на сите ќе им биде јасно зошто се случиле сите работи кои следеа по нејзиното обраќање до Петровска кога ја праша „ „врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како вие знаете едно повеќечлено семејство колку треба да троши“, а потоа кажа дека таа како мајка на два сина многу добро знае колку треба да троши едно четиричлено семејство.
„Жалам што имаше таков дефокус, во однос на тоа што јас го кажав од говорницата и како беше интерпретирано. Неколку пати повикав на тоа луѓето да ја ислушаат целата комуникација во Собрание и самите да носат заклучоци. Во однос на извинувањето мислам дека својот став го кажав, кога би погрешила би се извинила. Воопшто немало нешто ниту тенденциозно, ниту некаква намера, јас зборував за трошоците за живот и врз основа на тоа не би сакала да коментирам понатаму на таа тема. За мене, како што кажав, тоа е затворено. Би замолила една работа, граѓаните да бидат трпеливи, да почекаат малку, времето ќе покаже кој бил во право, кој не бил и зошто се случуваше сето ова. Оставете на времето ве молам, за многу скоро ќе ви биде јасно на сите зошто се случуваа сите овие работи“, рече министерката Димитриевска – Кочоска денес по потпишувањето на меморандумот за соработка на Министерството со Економскиот факултет.
Пратеничката Славјанка Петровска поднесе претставка до Комисијата за заштита од дискриминација, а опозицијата секојдневно бара извинување и оставка од министерката.
Македонија
„Влен“: Само длабоки реформи може да ја спасат ДУИ од колапс

Бујар Османи, познат по случајот Пациент, се фали дека ДУИ го донела законот за рестриктивни мерки за оние на црната листа. Но, заборави да спомене дека токму тие, кога технички премиер беше Талат Џафери, предложија и одобрија измени на законот за рестриктивни мерки. Токму ДУИ го смени законот со кој им забранува на луѓето кои се на црната листа на САД или Велика Британија да заземат јавни позиции, велат од „Влен“.
„Артан Груби, слуга на Грувски и Мијалков, Бујар Османи, обвинет во случајот пациент, и двајцата заеднички во служба на класичните антиалбанци . Едниот бегалец и другиот збунет за власт, плачат и тагуваат зато што народот ги испрати во опозиција. Граѓаните ја разбраа вистината и не потпаѓаат на измамите што ги изнесуваат во јавноста. ДУИ е оставена на милост и немилост и само длабоки реформи можат да ја спасат од колапс и да излезе од бездната на криминалот во која потона. ДУИ мора да го прифати фактот и вистината дека сега е во опозиција и не може да диктира и договара тендери за своите пријатели“, велат од „Влен“.
Се додав дека дојде време да се придонесе со вистината за граѓаните, а не само за џебот на неколку функционери и нивни пријатели. Заврши времето на празни зборови, ветувања и измами на ДУИ, Артан и Бујар. Сега е ерата на ВЛЕН, на конкретни акции за граѓаните и Албанците. За подобар, достоинствен и автентичен живот, додава „Влен“.