Македонија
Утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло
Утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Следува период на релативно топло време. Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури. Во вторник и среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара
На 14 мај 2024 година од Кабинетот на Пендаровски изјавиле дека тој не сакал да користи канцеларија, туку повремено, но бидејќи таа можност не постои во иднина ќе земел. Таа иднина очигледно веќе била на 15 мај, т.е. наредниот ден, кога Пендаровски побарал да му се дозволат средства за канцеларија, објави ВМРО-ДПМНЕ.
„Претседателот по закон го следува канцеларија, но лажната скромност и лицемерие на Пендаровски се одраз на неговиот манипулативен однос со граѓаните. Како што менуваше ставови од позиција на претседател, така менува и сега, што ќе каже денес, не важи и утре“, додаваат од партијата преку соопштение.
Македонија
По назначувањето на новото раководство, значително е намален бројот на заостанати предмети, велат од Агенцијата за катастар на недвижности
Значително е намален бројот на заостанати предмети во Агенцијата за катастар на недвижности.
Во последните два месеци, бројот на заостанати предмети во подрачните одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности е намален за 85%. По назначувањето на новото раководство и по интерната реорганизација, бројката од 5600 нерешени предмети е сведена на само 980 предмети, од кои 300 се тековни и 680 се заостанати предмети.
„Соодветната организација во работењето, грижата за вработените, инвестирањето во човечки ресурси и материјални средства, го дава посакуваниот ефект. Кога дојдов во агенцијата, затекнав повеќе од 5000 нерешени предмети, таа бројка денес е намалена за повеќе од 80%, а без застој се решаваат и тековните предмети“, изјави директорот Живковски.
„Целта на агенцијата да биде вистински сервис на граѓаните, каде тие ќе добијат квалитетна услуга по нормални цени. Во таа насока покрај решавањето на заостанатите предмети, во тек е и процесот на дигитализација на услугите, кој се одвива според планираната динамика. Исто така, наскоро ќе биде спроведено и намалувањето на цените на услугите, што беше најавено минатиот месец. До крајот на годината, Агенцијата ќе презентира уште неколку важни проекти кои ќе овозможат полесен пристап на граѓаните и компаниите до услугите на катастарот“, велат од Агенцијата во нивното соопштение.
Македонија
Претседателката на Собранието на Албанија во посета на Македонија
Претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали денеска ќе биде во посета на Северна Македонија.
Според собраниската прес-служба, Спиропали ќе оствари неколку средби. Предвидено е да има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а најавени се и средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со Талат Џафери, поранешен претседател на Собранието, како и со лидерот на СДСМ Венко Филипче.
По средбата со претседателот на Собранието предвидена е изјава за медиумите.