Македонија
УХМР: Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврово

Утрово до 7:30 часот најстудено било во Берово, -5 степени, а најмногу снег, 13 сантиметри, има во Маврови Анови.
УХМР информира дека се измерени и -4 степени во Битола и Штип, -3 во Велес, Скопје-Петровец, Тетово и Струмица, -2 во Прилеп, Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, -1 во Крива Паланка, Куманово, Гевгелија, Дебар и Маврови Анови, 0 во Охрид и Претор, 1 во Виница и Крушево, како и 2 степена на Попова Шапка.
Утрово има магла по одделни котлини, особено во регионот на Повардарието, во Струмица, Демир Капија и Скопје. Во текот на денот ќе биде променливо облачно и претежно тивко со максимална температура од 7 до 16 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне магливо и преку денот тивко. Максималната температура ќе достигне 9 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

„Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во функција во 2027 година. Со овој договор започнува најголемата енергетска инвестиција во Македонија во последните 10 години. Ќе се градат 68 километри модерна гасоводна мрежа што Македонија ќе ја поврзе со Грција, но и со европските енергетски пазари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изградбата ќе ја преземе македонска компанија, која е целосно подготвена со опрема и кадар, а цената е 12 милиони евра пониска од претходните понуди во тендерските постапки.
Досега Македонија имаше само еден начин за снабдување со гас, преку Бугарија. Овој договор овозможува да има повеќе од еден извор, доколку дојде до прекин или зголемување на цената од една страна.
Природниот гас е поефтин и поефикасен за греење од нафта, дрва и јаглен.
Природниот гас загадува помалку од другите горива. Граѓаните ќе добијат можност за почист воздух и поквалитетен живот.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена и ова е доказ дека Македонија се движи во насока на приближување кон ЕУ и дека партнерите и веруваат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Со што толку ги задолжил наркодилерот Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Од што се плаши Филипче па молчи? Венко Филипче и СДС неколку дена молчат и не се оградуваат од наркодилерот Андон Стојков, кој беше фатен со дрога. Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не се оградува од партискиот функционер, Андон Стојков кој на дело е фатен со дрога“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со што толку ги задолжил Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него?
Дали Филипче и СДС го поддржуваат Стојков и штитат криминалци и какви лични интереси имаат да го прават тоа?
СДС е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, Стојков е во присуство на Заев и Филипче и по приватни забави и настани.
СДС е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, СДС не се огради ниту од Стојков, ниту од Јон Фрчковски, ниту од Груби и Филип Андов Сокол.
Јавноста ја виде вистината за СДС на дело, СДС е партија која обезбеди луксузни животи за своите елитистички кругови, додека народот тонеше во очај. СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Европа низ детските очи – музика, караоке, работилници викендов во градскиот парк во Скопје

По повод Денот на Европа, на Школка, во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи настанот „Европа низ детските очи“.
Овој настан, ќе се случува в сабота, 10 мај 2025 година, со почеток во 11 часот.
Настанот е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и претставува едукативно-забавен перформанс посветен на децата, со пораки за пријателство, заедништво и европски вредности.
Централната програма ќе опфати: Изведба на македонската химна и химната на ЕУ од детскиот хор „Златно славејче“; Интерактивна театарска претстава на тема „Патување низ земјите на ЕУ“; Ди-џеј сет; Детски караоке перформанс; Зумба и танцување за деца (и за родители).
Во паралелната зона ќе бидат организирани едукативни пунктови:
Мали сликари: „Европа низ моите бои“
Квиз-зона: „Колку знаеш за Европа?“
Креативна работилница: Направи си од пластелин свој европски сувенир
Настанот е наменет за деца од училишна и предучилишна возраст, а ќе биде збогатен со аниматори, реквизити и симболични награди, создавајќи вистинска европска атмосфера во срцето на градот.