Македонија
УХМР: Попладнево зголемување на облачноста

Утринава времето во Македонија е умерено, а во западните делови и значително облачно. Претпладне ќе преовладува умерено облачно време, а облачноста од запад постепено ќе се зголемува па преку денот ќе биде претежно облачно, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 8 степени.
Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно со температура до 4 степени.
Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со умерена до значителна облачност и со појава на магла по котлините. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 14:00 часот, дел од корисниците од населба Бардовци, (во околината на фирмата СВИСЛИОН), општина Карпош;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Елово, Црн Врв и Малчиште, општина Студеничани;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски, општина Ѓорче Петров;
· од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште.
Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.