Македонија
Учениците со испечатени книги, без доцнење, тоа е резултат на нашата работа, порачуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција им го честита првиот ден од новата учебна година на учениците, родителите и наставниците.
„На учениците им посакуваме многу успех и ги поддржуваме сите наставници во напорите да ги постигнат образовните цели, но и да добијат правилно вреднување за нивниот интелектуален придонес.
Изградивме училишта во Визбегово, Блаца, мала Речица, се гради во Селце, како и гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово, реновиравме многу училишта во сите населени места, ги решивме проблемите во Чашка и Велес, ги изградивме нашите универзитети и студентски домови во Тетово и Скопје, спортски сали, базени и градинки во нашите општини заедно со речиси целата образовна инфраструктура на сите нивоа.
Ги зголемивме платите за речиси 47,5 % во нашиот мандат и го поддржуваме ветеното и заслужено зголемување на платите на наставниците“, велат од ДУИ.
Учебната година ги пречека учениците со готови испечатени книги, без доцнење и недостиг како резултат на нашата работа оваа пролет, додаваат од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.