Контакт

Македонија

УЈП: Системите е-ПДД , е-Даночни услуги и МојДДВ се во функција

Објавено пред

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека системите е-ПДД , е-Даночни услуги и МојДДВ се во функција.

dobivaj vesti na viber

„Активностите околу надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги што УЈП ги започна вчера после 16.30 часот, успешно се завршени, и даночните обврзници може да продолжат со користење на услугите преку овие системи кои ги нуди Управата за јавни приходи.

Благодарност до сите граѓани и даночни обврзници за разбирањето“, велат од УЈП.

Македонија

(Видео) Шукова: Можеби храната што ја јадеме е под ризик порди излевањето во Крива Река

Објавено пред

Се’ што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив. Излевањето на цијанид и други опасни материјали во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја. Oва го истакна на прес-конференција, поранешната министерка за животна средина и актуелна потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова по излевањето на отровните материи од рудникот „Тораница“ во Крива Река.

dobivaj vesti na viber

Таа вели дека инспекторатот за животна средина има огромна одговорност во овој случај, и укажа на неопходноста итно да бидат направени анализи и во Пчиња и Вардар.

„Потребно е итно испитување на сите реки и води кои се во допир со водите од Крива Река, вклучително и делови од Пчиња и Вардар. Потенцираме и укажуваме дека можеби храната која јадеме е под ризик“, рече таа.

Партијата изнесе сомнежи и прашува дали ова е случајно или некој свесно ја штити компанијата „Булмак 2016“.

Социјалдемократскиот сојуз повика на темелна и итна истрага за целиот случај и утврдување кривична одговорност.

СДСМ бара оставка од пратеникот Емил Спасовски, за кој велат дека свесно ширеше дезинформации и ја минимизираше катастрофата. Се бара и одземање на еколошката дозвола на „Булмак 2016“, поради сериозни и повторени прекршувања.

Според независните анализи кои ги објави општианта Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски, концентрацијата на тешки метали, цијаниди и други токсични материи е десетици и стотици пати над дозволеното.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ го повика Советот на Европа да испрати експерти кои ќе ја проценат истрагата за Кочани

Објавено пред

Пратеничката група на Европски фронт, на чело со ДУИ во Собранието, испрати формално писмо до четири клучни тела на Советот на Европа, со кое бара итна експертска проценка на, како што велат, селективната правда по трагедијата во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 59 млади лица.

dobivaj vesti na viber

Писмото е адресирано до: Мајкл О’Флахерти, Комесар за човекови права; Клер Бази, Претседателка на Венецијанската комисија; Ливија Стоика Бехт, Извршна секретарка на ГРЕКО (Група на држави против корупција); Теодорос Русопулос, Претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Во писмото, пратениците изразуваат загриженост за скандалозно политички мотивирани истраги кои таргетираат само поранешни функционери, додека сегашни носители на функции – кои имале институционална надлежност речиси цела година пред трагедијата – се оставени надвор од секој процес.

Писмото адресира и директно вмешување на премиерот во обвинителството и самата истрагата, а во врска со приведувањето на ексминистерот Бектеши, се посочува на јавна парада и злоупотреба.

Европскиот фронт бара Советот на Европа да испрати независна експертска мисија за проценка на независност на истрагата; да иницира дебата во Парламентарното Собрание на Советот на Европа; да побара мислење од Венецијанската комисија за влијанието врз обвинителството; да го ангажира ГРЕКО за истрага на политичко влијание врз обвинителските одлуки.

Пратениците потенцираат дека правдата мора да биде еднаква за сите и не смее да зависи од политичка припадност.

Селективната правда, како што велат од Европскиот фронт, го поткопува владеењето на правото и ја нарушува довербата на граѓаните во институциите.

Прикажи повеќе...

Македонија

За едни СДСМ е мајка, а за други маќеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ по скандалот со Јон Фрчковски

Објавено пред

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ  да се огради од Јон Фрчковски по снимката со дрогата.

dobivaj vesti na viber

Од тука утрово ја опишаа СДСМ како партија која сака селективна правда, и молчи наместо да се огради од Фрчковски и да побара истрага од институциите.

„Тие секогаш се навикнати за едни да бидат мајка, а за други маќеа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во нивното соопштение се додава и дека со молкот, оваа партија го брани Јон Фрчковски, кој според фотографиите на социјалните мрежи, користи кокаин.

„Дали СДС и Венко Филипче, ќе побараат одговорност за нивниот партиски миленик, кој се гледа од фотографиите како шмрка кокаин на работно место. Исто така, надлежните институции треба да постапат веднаш и да проверат кога Јон го користел кокаинот, дали кога бил помошник директор во ПУИГ или кога бил на партиска функција во СДС? Се поставуваат и други прашања, дали тој сам ја користел дрогата, дали ја користел на работно место во ПУИГ, од каде ја купил дрогата, дали можеби и тој продавал кокаин и дали таа влијаела во носењето на одлуки во ПУИГ?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Системот мора да го промениме сите заедно, а не да продолжиме како до сега. Одговорност мора да има, додава партијата на власт.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Видео) Шукова: Можеби храната што ја јадеме е под ризик порди излевањето во Крива Река

Се’ што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива...

Свет25 минути

(Видео) Земјотресот во Мјанмар ослободил енергија еднаква на 334 атомски бомби

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што во петокот го погоди Мјанмар испуштил енергија што е еквивалентна...

Македонија2 часа

ДУИ го повика Советот на Европа да испрати експерти кои ќе ја проценат истрагата за Кочани

Пратеничката група на Европски фронт, на чело со ДУИ во Собранието, испрати формално писмо до четири клучни тела на Советот...

Култура3 часа

Филип беше ураган од љубов – во Штип се одржа комеморација за музичарот Стевановски кој загина во пожарот

Во Штип се одржа комеморацијата за директорот на штипскиот центар за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски, кој тагично го загуби...

Македонија4 часа

Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на...

Свет4 часа

Зеленски: Американците целосно го сменија договорот, чекаме правна анализа

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина нема да прифати никаков договор за минералните суровини што ќе ја загрози нејзината...

Македонија21 час

OJO: Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице што се товари за тешки...

Македонија21 час

Четворицата лидери на „Влен“ вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај Аљбин Курти, Таравари вели дека ќе разговараат и за локалните избори

За претстојните локални избори, како и за сите актуелни теми во земјата и во регионот, вечерва, на ифтарска вечера кај...

Македонија21 час

Денес, осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и...

Топ22 часа

Измамници оштетија струшко семејство: им понудиле донации за болниот син, па подигале брзи кредити

Двајца измамници излажале сопружници од Струга дека ќе собираат пари за лекување на нивниот болен син и им ги зеле...

Македонија23 часа

Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден...

Македонија24 часа

Македонците и годинава ќе може да патуваат во ЕУ како досега: системот ЕТИАС одложен

Системот ЕТИАС, кој ќе се применува за влез во земјите од Европската Унија, повторно е одложен и ќе почне на...

Македонија1 ден

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова: „На движењето ‘Кој е следен?’ не му е важна жртвата, туку агендата“

Росица Кулакова, сестрата на трагично прегазената Фросина Кулакова, првпат јавно зборуваше за случувањата по загубата на сестра си, но и...

Топ1 ден

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот...

Свет1 ден

(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: се тресеше и на Тајланд на 1.000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: „Почна да тоне додека сè уште беа отворени челичните врати“

Шест туристи трагично загинаа откако подморница потона крај брегот на Египет додека беа на обиколка на подводните корални гребени. Вкупно...

Регион1 ден

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел...

Свет1 ден

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...

Европа1 ден

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да...