Македонија
Фазлиу: Граничната област меѓу Македонија и Албанија е една од најсиромашните во Европа
Граничната област меѓу Македонија и Албанија е една од најсиромашните во Европа, истакна министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, за време на средбата со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Двајцата разговараа за можностите за користење на средства од ИПА-програмата за прекугранична соработка, со посебен акцент на програмата помеѓу Македонија и Албанија за која во во тек е поднесување предлог-проекти од вториот јавен повик.
На средбата министерот Фазлиу истакна дека ова е добра можност општините и другите субјекти да аплицираат со квалитетни предлог-проекти кои ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните од двете страни на границата. Во овој контекст Фазлиу рече дека граничната област меѓу Македонија и Албанија е една од најсиромашните области во Европа.
„Очекувам можноста преку ИПА-инструментот да се искористи на најдобар можен начин и да се направат позитивни промени. Вториот повик ни дава на располагање 2 милиони и 890 илјади евра за нови проекти“, истакна Фазлиу.
Тој ја изрази својата подготвеност да ѝ помогне на општина Гостивар за решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите, посебно за проектот „Русино”, а и за други проекти што се сметаат за приоритети за општината.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го запозна министерот со приоритетите на општината, старите обврски, како и напорите за реализација на предвидените проекти. Тој, исто така, ја изрази подготвеноста за продлабочување на меѓусебната комуникација со Министерството за локална самоуправа и искористувањето на можностите за проекти што се реализират со финансиска помош од ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

