Македонија
ФАО: Северна Македонија подготвена за национален мониторинг на шумите
Северна Македонија бележи важно достигнување во одржливото управување со шумите. Со дизајниран систем за мониторинг на шумите, земјата сега може да преземе понатамошни чекори за подобрување на политиките и донесувањето одлуки во насока на зголемување на придонесот на македонските шуми во националниот одржлив развој, се вели во извештајот на ФАО.
Дизајнирање на најмодерен систем за следење на шумите, прилагоден на потребите и условите на земјата, беше во фокусот на двегодишниот проект на ФАО и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), кој денеска завршува со работилница во Скопје. Повеќе од 40 претставници од клучни министерства, национални институции во секторот шумарство, агенции, академијата, граѓанскиот сектор, меѓународни партнери и медиуми се дел од работилницата чијашто цел е презентација на предлог-дизајнот на националниот систем за следење на шумите, вклучително неговите различни аспекти и можните опции за имплементација.
Неефикасно управување со шумските ресурси и недостиг на точни податоци се клучни предизвици во македонскиот шумарски сектор. Во исто време, обврските на земјата кои произлегуваат од Парискиот договор, Агендата 2030 и претпристапниот процес кон Европската Унија наметнуваат значителни барања во шумарскиот сектор од аспект на заштита на животната средина, одржливоста, како и економски аспекти. За адресирање на овие прашања, ФАО работеше со МЗШВ и со Шумарскиот факултет во Скопје на процена на методологијата за спроведување на националниот инвентар на шуми, зајакнување на знаењето и воспоставување широк консензус во врска со следење на статусот, користењето и промените во македонските шуми со текот на времето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

