Македонија
Фаруџа: Малта безрезервно ја поддржува Македонија за влез во ЕУ
И покрај тоа што Малта е најмалата земја членка на Европската Унија, ѝ дава недвосмислена и безрезервна поддршка на Република Македонија во процесот на почнување на преговорите за полноправно членство во европското семејство, изјави претседателот на Претставничкиот дом на Малта, Анџело Фаруџа, на средба со спикерот Талат Џафери.
Претседателот на македонското Собрание изразил благодарност за воспоставувањето на дипломатските односи со Република Малта на крајот од 2016 година бидејќи тоа, како што рече, претставува одлична основа за интензивирање на идната заедничка соработка на сите нивоа и во домените од заеднички интерес, особено во контекст на европските интеграциски процеси на Република Македонија.
„Двајцата соговорници се согласија дека токму парламентите се стожер на процесот на европска интеграција на земјите и затоа секоја размена на искуства со земји членки е драгоцена во овој процес. Оттука, претседателите се согласија дека треба да се разгледа можноста за искористување на мноштвото стипендии што ги нуди владата на Малта, меѓу другото, и стипендии за државни службеници како можност за размена на ниво на парламентарна служба“, соопшти собраниската прес-служба.
Џафери на средбата го поканил Фаруџа да ја посети Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

