Контакт

Македонија

„Фајненшл тајмс“: Кревката иднина на Балканот зависи од македонскиот договор

Објавено пред

Ако дефиниција за напредок е дека земјата повеќе не го нарекува аеродромот на својот главен град по воинот кој загинал пред 2 300 години во Вавилон, тогаш сигурно има надеж за Балканот – извор на повеќето конфликти во модерна Европа. Во февруари македонското реформско лидерство го смени претходниот бомбастичен владин национализам и го промени името на аеродромот од „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром – Скопје. Мразот почна да се топи во еден од потешките спорови во постокомунистичка Европа, пишува Тони Барбер во колумна за „Фајненшл тајмс“.

dobivaj vesti na viber

„На автопатот кон Скопје, престолнина на поранешната југословенска република, големите зелени табли покажуваат уште поголеми промени. Автопатот повеќе не го носи името на Александар, туку се нарекува ‘Пријателство’. Македонските лидери сметаат дека овие промени не се козметички, туку вистински што ги прават кон Грција. Во овие 27 години Атина го обвинуваше својот северен сосед за присвојување на дел од грчката територија, за културното наследство и идентитетот, употребувајќи го името Македонија и Александар Велики како државни симболи.

Преговорите што имаат за цел да се најде компромис за името на Македонија веќе се ближат кон кулминација. Шефовите на дипломатиите на Грција и на Македонија се сретнаа 20 пати. Ако се постигне договор, ќе се испрати редок сигнал до другите балкански држави и заедници кои имат конфликт – на пример Србија и Косово, или муслиманите, Хрватите и Србите во Босна и Херцеговина – дека дури и најболните историски рани заздравуваат доколку се третираат.

Уште повеќе, договорот може да ги отвори вратите на ЕУ и НАТО за македонското членство, блокирано со вето од страна на Атина. Ова може да ја извади Македонија од состојба на неизвесност во геополитичката нестабилност во која западна по дезинтеграцијата на комунистичка Југославија. Toa ќе биде и спротивставување на проширеното влијание на Русија, Турција, Кина, Саудиска Арабија и другите заливски земји врз Балканот. Ќе го намали и ризикот дека Македонија може да стане плен на насилен внатрешен конфликт, дестабилизирајќи го остатокот од регионот.

Во 2001 година изби конфликт меѓу етничкото албанско малцинство во Македонија, кое брои околу една четвртина од двомилионското население. Според Али Ахмети, поранешен командант, постоел ризик конфликтот да биде поразорувачки од војната во Босна, во која загинаа над 100 000 борци и цивили. На крајот, НАТО издејствува договор по добро изведена интервенција.

Ахмети сега ја предводи албанската етничка партија која е во коалиција со социјалдеморкатите на Зоран Заев, енергичен млад премиер кој ги предводи напорите за помирување со Грција. Во Скопје неодамна слушнав дека Ахмети предупредил дека сè што е постигнато во 2001 би било залудно доколку Македонија не обезбеди членство во ЕУ и НАТО. Тоа дава кредибилитет на визијата на Заев за западноориентирана Македонија.

Перспективите за грчко-македонски договор, сепак, не се сигурни. Преговарачите го стеснија изборот за името на Северна, Горна или Вардарска Македонија – последното инспирирано од најдолгата река во Македонија. Едно од овие ќе биде името на Македонија на меѓународната сцена. За домашна употреба Заев сака да се употребува „Република Македонија“. Ова не е доволно добро за Грција, која во ова препознава претензии за северниот грчки регион Македонија. Атина притиска и за промена на македонскиот Устав, што би елиминирал ваква закана.

Заев е отворен кон оваа идеја, но какви било промени треба двапати да се ратификуваат од страна на македонскиот Парламент. Освен тоа, тој сака да ја зајакне легитимноста на договорот со Грција, поднесувајќи ги на референдум евентуалните уставни измени. Надминувањето на овие три пречки нема да биде лесно. Ниту, пак, одобрувањето на Грција нема да биде земено здраво за готово. Алексис Ципрас, левоориентиран премиер, гледа шанса за победа. Но неговите коалициски партнери, грчката конзервативна опозиција и Православна црква се гласни критичари на неговата дипломатија. Со изборите наредната година Ципрас може да наиде на зовриена политичка атмосфера дома, со што разговорите со Скопје може да станат потешки за справување.

На крајот, сите влади во ЕУ не сaкаат да отворат преговори со Македонија. Во НАТО не го гледаат сите на членството на Македонија како приоритет. Работите повеќе ќе се разјаснат на самитот на ЕУ во јуни и на самитот на НАТО во јули. Двата настани доаѓаат многу брзо за договор меѓу Македонија и Грција. Доколку е така, ЕУ и НАТО треба да одолеат на искушението да го искористат неуспехот како изговор за занемарување на македонското прашање. Балканот денес е премногу кревок за да си дозволи такво задоволство“, заклучува во колумната за „Фајненшл тајмс“, авторот Тони Барбер.

Македонија

(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?

Објавено пред

„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.

„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа

Објавено пред

„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.

Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.

„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.

Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.

„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен

Објавено пред

„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.

Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.

Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.

Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.

После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.

Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.

Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.

СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.

Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.

Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида

Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз. Како што...

Свет3 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет4 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет6 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет7 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет7 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет8 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет9 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет9 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија1 ден

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија1 ден

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија1 ден

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...