Македонија
„Феро инвест“ се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија
„Феро инвест“ учествуваше на конференцијата и на саемот за производители и изведувачи на хидроелектрани, кој се одржа во Куала Лумпур и кој на едно место собра 65 светски познати енергетски компании, чија примарна цел се хидроелектраните, од: САД, Обединетото Кралство, Кина, Јапонија, Германија, Франција, Норвешка, Италија, Швајцарија, Австрија, Холандија Турција, Индија, Австралија и други земји.
Тодор Анѓушев, директор на фирмите ЕМС и „Мали хидроелектрани“, во рамките на „Феро инвест“, и Филип Андрески, директор за развој во групацијата, ги запознаа посетителите на саемот со можностите на „Феро инвест“ како партнер во изведувањето на енергетски проекти прикажувајќи го портфолиото од реализирани над 120 електрани, од кои над 60 се поврзани директно со мали хидроелектрани.
Инвеститорите од Азија покажаа голем интерес за соработка на идни енергетски проекти во тој регион на светот.
Феро Инвест еденствен кај нас овозможува целосна услуга за реализација на електрични централи од обновливи извори, почнувајќи од проектирање, изведба, пуштање во употреба, управување, одржување, надзор на електраните и откупување на произведената електрична енергија.
Компанијата во моментов управува со околу 50 централи од обновливи извори, сопствени или на клиенти, во кои има мали хидро електрани, фотоволтаични електрани и електрани на био гас, со вкупна инсталирана моќност од над 55 MW.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.