Македонија
Фетаи: Исказот на Верушевски нема да влијае врз постапките на СЈО
Поранешната специјална јавна обвинителка Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“, рече дека исказот на ексразузнавачот Зоран Верушевски дека бомбите биле модифицирани и компромитирани нема да влијае врз постапките на СЈО.
„Според мене, не. Тоа не може да влијае на автентичноста на материјалите со кои располагаме, ниту на постапките. Станува збор за исказ што не е довршен“, рече Фетаи и појасни дека Верушевски ќе биде уште испрашуван и од странките во постапката и од судот.
„Толкување и појаснување може да даде само Верушевски“, рече обвинителката Фетаи.
На последното рочиште за предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина”, Верушевски, кој е советник за национална безбедност на премиерот Зоран Заев, даде исказ кој е спротивен на тврдењата на неговите ексколеги Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски. Верушевски во судот кажа дека бомбите од УБК директно се слевале во СДСМ, а не преку него и дека по неговото апсење прислушуваните материјали биле компромитирани и модифицирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

