Контакт

Македонија

Фетаи-Палминтери: упатена благодарност за помошта во лекувањето на повредените пациенти во трагедијата во Кочани

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Италија во Скопје, Паоло Палминтери.

dobivaj vesti na viber

За време на средбата, заменик-претседателот на Владата, Фетаи, му честиташе на амбасадорот Палминтери за новата функција и му посака успех во неговата дипломатска мисија. Тој ги оцени билатералните односи како одлични и изрази благодарност за постојаната поддршка на Италија за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија.

Исто така, Фетаи му се заблагодари на италијанскиот амбасадор за драгоцената помош во лекувањето на повредените пациенти во трагедијата во Кочани.

Двајцата соговорници се согласија да го продлабочат меѓусебното партнерство, со посебен фокус на борбата против корупцијата, финансиските истраги и конфискацијата на нелегално стекнат имот.

Македонија

„Првпат пред лицето на правдата се изведуваат сегашни и поранешни функционери, без разлика на партиската или етничката припадност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Македонската јавност е сведок дека прв пат, како никогаш до сега државните институции посветено работат на целосно расчистување на трагедијата која ја потресе целата држава. За првпат институциите приведуваат, испитуваат, отвораат истраги, без оглед на политичка или етничка припадност“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во опсежна и сеопфатна истрага се испитуваат сите причини кои доведоа до трагичниот настан во Кочани и сите одговорни се изведуваат пред лицето на правдата.

Опсежната истрага на надлежните органи до сега опфати голем број на лица без разлика на нивната партиска или пак етничка припадност, сегашни или пак поранешни државни функционери.

За само недела дена од трагедијата во сеопфатната истрага, опфатени се над 40-тина лица на кои им се одредени и мерки притвор. Меѓу уапсените има функционери од ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ како и луѓе кои не се политички определени или ориентирани.

Ова покажува дека органите на системот, како што се обвинителството и судството, иако лицата кои работат во нив се избрани од тефтерчињата на Заев и Ахмети, сепак знаат да работат професионално. Но вистинското прашање, е зошто на СДС сега им смета и го доведува во прашање нивното професионално работење?

Кога СДС зборува за селективна правда, треба само да потсетиме на трагедиите кои се случија во изминатиот период и во кои немаше сеопфатни истраги и немаше човек што понесе одговорност.

Седум години власт на СДС, никој не понесе никаква одговорност и немаше приведени за трагедии како Ласкарци, Беса Транс или Модуларната болница, каде единствено „виновни“ беа каблите или пак шасиите.

Вистинското прашање е зошто тогаш за тавите трагедии немаше сеопфатни истраги и зошто немаше приведени и одговорни лица, дали затоа што обвинителството и судството беа под директна партиска контрола на СДС?

Трагедиите не треба да се користат за дневно, политичка пресметка, туку тие треба да не обединат сите без разлика на партиската, етничката или пак верската припадност во тагата и болката и да застанеме зад институциите за нивно целосно расчистување.

За ВМРО-ДПМНЕ ова не е тема за политичка битка, туку на оваа трагедија гледа како на историски момент за целосно ресетирање на системот, нешто што и е потребно на Македонија“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, ќе крвари во мене до крајот на животот“: се огласи Дарко кој се врати од лекувањето во Белград, по трагедијата во Кочани

Објавено пред

Дарко Стојанов кој по страотниот пожар во дискотека во Кочани се лекуваше во странство вчера пристигна дома.

dobivaj vesti na viber

Тој беше пречекан од министрите за здравство и за надворешни работи Арбен Таравари и Тимчо Муцунски.

Денеска Стојанов се огласи и на социјалните мрежи.

„Драги пријатели, познаници и непознаници.
Мили мои ученици премногу ми недостасувате, но ќе се видиме наскоро. Мој македонски народе ви благодарам за солидарноста, емпатијата и храброста која ја добивам.
Со оваа објава пред се сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка која ја добив од огромен дел од вас. Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, Раната на душата која ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.
Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во СРБИЈА и останатите земји. Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за се што прават. Се надевам дека ови херои што побрзо ќе добијат се што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.
Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Klinički centar Srbije. Моите деца сеуште имаат татко, благодарение на докторите, и неверојатните медицинскии сестри и техничари од клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. Благодарам српски народе!
Посакувам што побрзо закрепнуваење на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.
Гушнете ги најблиските, фамилијата, пријателите. Кажете им дека ги сакате. Никогаш не можете да знаете кога е тоа за последен пат“, пишува Стојанов во пораката.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Алкалоид“ донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот Крст наменет за поддршка на настраданите при пожарот во Кочани

Објавено пред

Со изрази на висока почит кон покажаната хуманост на македонските државјани од земјава и од странство, како и кон сите пријателски и добронамерни гестови од поединци и организации во земјава и ширум светот, „Алкалоид“ се приклучува кон масовната акција за помош на настраданите во трагичниот пожар во Кочани.

dobivaj vesti na viber

Преку нашиот долгогодишен партнер, Црвениот Крст на РСМ, компанијата одлучи да донира 15 милиони денари за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства засегнати од стравичната трагедија во Кочани. „Алкалоид“ АД Скопје упатува благодарност до оваа организација и до секој еден од нивните 165 ангажирани волонтери, кои безрезервно помагаа во бројни ситуации. Во оваа прилика, би сакале да искажеме посебна благодарност и до сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во клучните моменти од животоспасувачката мисија.

„Алкалоид“ АД Скопје, од 16 март наваму, во неколку наврати, симболично им помогна на здравствените установи во Македонија со производи од својот асортиман, во делот на пројавените потреби. Покрај горенаведената финансиска донација преку Фондот на солидарност на Црвениот Крст, компанијата ќе продолжи да помага онаму каде е потребна помош и поддршка.

Во името на нашиот колектив, изразуваме длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за ненадоместливите загуби. Истовремено, упатуваме искрени желби за брзо закрепнување на повредените кои се лекуваат во земјава и во странство.

За крај, би сакале да ги поздравиме напорите за помош на сите поединци и организации, кои со сопствени ресурси и несебични ангажмани придонеле и придонесуваат за поефикасно справување со трагичните последици. Понекогаш, и мал гест или убав збор за утеха и поддршка може да направи голема разлика.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

„Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, ќе крвари во мене до крајот на животот“: се огласи Дарко кој се врати од лекувањето во Белград, по трагедијата во Кочани

Дарко Стојанов кој по страотниот пожар во дискотека во Кочани се лекуваше во странство вчера пристигна дома. Тој беше пречекан...

Македонија18 минути

Вработените во Филхармонија ќе бараат кривична одговорност од Љутков, не го прифаќаат незаконскиот избор на директор

Одлуката на Зоран Љутков, министер за култура и туризам да го назначи Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија е...

Македонија26 минути

Запленети парфеми, облека, обувки, цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари

Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис...

Македонија33 минути

Претреси во домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“: продолжува истрагата за пожарот во Кочани, соопшти МВР

Вчера од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти,...

Македонија1 час

„Селективна правда не е правда, зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата“, прашува СДСМ

„Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна...

Европа3 часа

Русија: Украински дронови соборени над Црното Море неколку часа по делумното примирје

Украински беспилотни летала се соборени над Црното Море, тврди руското Министерство за одбрана – само неколку часа откако беше договорен...

Свет4 часа

Трамп ги пофали Турција и Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Турција како добро место и го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како добар...

Свет4 часа

(Видео) 18 загинати во Јужна Кореја: земјата е погодена од еден од најлошите пожари во историјата

Осумнаесет лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги...

Свет14 часа

Што се’ денес договорија САД, Русија и Украина

САД денеска постигнаа договор со Украина и Русија за прекин на огнот во Црното Море и ветија напори за запирање...

Македонија14 часа

Социјалните работници бараат поголема заштита по пукањето кон нивната колешка во Прилеп

Социјалните работници од Прилеп, Неготино и Тетово застанаа зад нивната 36-годишна колешка од Прилеп, која вчера беше застрелана на работното...

Македонија15 часа

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Првиот од 115-те пациенти кои се лекуваат во странство, по пожарот во дискотеката во Кочани, попладнево се врати во земјава...

Македонија17 часа

(Видео) Од денес хероите имаат име – Јован Костадинов, велат од неговата гимназија

Со ракоплескање и прегратки беше дочекан денес 19-годишниот Јован Костадинов од гиманизијата „Ванчо Прќе“ од Виница, кој спаси 21 живот...

Македонија19 часа

Психолози доброволци на терен работат со младите: Беа во шок, потоа имаа лутина, што е нормална емоција, а сега почнува периодот на тага

Тим од психолози доброволци од минатата недела е меѓу учениците, студентите и жителите на Кочани, Штип, Виница, Чешиново, Облешево и...

Македонија20 часа

Рустеми и неколку други лица под истрага за злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка...

Македонија23 часа

Николоски: Направени контроли на над 3100 лиценци, во постапка на одземање се 479 лиценци поради неправилно работење

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното...

Македонија23 часа

Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје: одземени дополнителни електронски уреди, извршени распити на лица

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи координирано преземаат...

Македонија23 часа

Пациентите со тешки повреди на рехабилитација ќе одат во странство, веќе има понуди од неколку западноевропски држави, вели Таравари

Од 115 пациенти повредени во пожарот, кои се лекуваат во странство, денес во земјата се враќа еден пациент, кој се...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски го стопира разрешувањето на јавниот обвинител: Ситуацијата е чувствителна, да им дадеме шанса да сработат

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до онаму каде што...

Македонија24 часа

Чибишев: Јован е во одлична состојба, си отиде дома нашиот херој

Херојот од Виница, Јован Костадинов, кој од огнот во кочанската дискотека извлече 21 лице, е испишан од болница во одлична состојба,...

Македонија1 ден

(Видео) Јован Костадинов, храбриот млад човек, кој спаси 21 живот во трагедијата во Кочани, конечно се врати дома

„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21...