Македонија
(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“
Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд им одреди условна осуда.
Таа вели дека за целото обвинение постојат докази, кои биле изведени, а судот ги преценил олеснителните околности и затоа досудил, според неа, ниски казни.
„Делумно сум задоволна. Задоволна сум дека е утврдена кривична одговорност кај обвинетите. Не сум задоволна во висината на кривичната санкција, но тоа не зависи од јавниот обвинител, туку од судот шот оценува. Секако дека во овој дел, односно на кривичните санкции, ќе има жалба од наша страна бидејќи сметаме дека судот ги преценил олеснителните околности“, рече Фетаи.
За ослободувањето на Даниела Рангелова од обвинението, Фетаи рече дека тоа произлегло по изменувањето на околностите во текот на постапката.
„Обвинението беше врз оснва на оштетените во предметот. Исказите идеа во тој правец дека Рангелова сторила кривично дело. Но, имаше испрашување и постоеше можност да се добијат детали и да се смени сликата. Бидејќи доказите упатија на поинаква слика во однос на Рангелова, затоа се откажавме од обвинението“, рече Фетаи.
Таа и натаму смета дека, освен за обвинетиот Игор Бошковски, на сите други треба да им се изрече затворска казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

