Македонија
Физичките напади врз албанските професионалци, ДУИ сака да ги претстави како патриотизам, велат од Европскиот сојуз за промена

Според Европскиот сојуз за промена, физичките напади врз албанските професионалци, ДУИ сака да ги претстави како патриотизам.
Ова, според нив, само ја потврдува паниката и стравот од пораз во кој се наоѓа оваа партија.
„И ова не е прв пат. Претходно, на најнизок начин, со јавен линч низ порталите на Артан Груби, тие ја нападнаа претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Само затоа што не потпадна на притисоците на ДУИ да го врати Груевски во Северна Македонија како херој“, велат од Европскиот сојуз за промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Прочитани се синдикалците на батерии како Иван Пешевски, кои зборуваат за минималец, а тие уживаат во високи плати и привилегии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Игрите на таканаречените синдикалци, со енормно високи примања, се прочитани и на нив никој не им верува. Иван Пешевски и Слободан Трендафилов, кои во јавноста се претставуваат како душегризници за работничките права, всушност ги интересира само нивните високи плати, придобивки и привилегии“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека глумат загрижени за работниците и додека ја споменуваат минималната плата, на грбот на истите тие работници дебело профитираат.
И оваа лицемерна грижа за работниците и високите примања на Пешевски и Трендафиловски, почнаа да се обелоденуваат свиркачи од СДС на кои им е преку глава од нивното лажење и манипулирање.
Оттука се поставува прашањето, дали Иван Пешевски глуми гласен синдикалец затоа што зема плата висока 80.000 денари?
Информациите кои што ги доставија свиркачите од ССМ покажуваат дека платата на наводно загрижениот синдикалец Пешевски е три пати повисока од минималната.
Додека глуми загрижен синдикалец и ги манипулира работниците со минималната плата, Иван Пешевски за четири месеци заработува колку што работниците можат да заработат за една година.
Тука не застанува лицемерието и дебелото профитирање на Пешевски. Тој, минатата 2024 година и првите два месеци од годинава, остварил дополнителни приходи и по други основи со договори на дело и заедно со платата инкасирал 1.3 милиони денари.
Ако ова сума на инкасирани финансиски средства се преведе во минимални плати, Иван Пешевски кој ги лаже и манипулира работниците за минималец, лани земал пари колку еден работник од неговиот синдикат не може да земе ниту за четири години макотрпна работа.
Од сево ова произлегува дека Пешевски и Трендафиловски не водат таканаречена борба за работнички права, туку борбата единствено им е за свои високи лични примања и привилегии, а синдикалната активност им е единствени инструмент за нивно лично профитирање.
И во ова се прочитани и никој не им верува, а работниците знаат дека тие се синдикалци на батерии и дека работат само за свои интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Работна посета на министерот Муцунски на Брисел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до петок престојува во работна посета на Брисел.
Во рамки на посетата, министерот ќе одржи излагање во Центарот за европски политики (EPC) на тема: „Проширувањето на ЕУ во новата ера: македонска перспектива“, и ќе има брифинг со претставници на бриселски тинк-тенкови посветен на тековниот евроинтегративен процес.
Муцунски ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што ќе се одржи на 3 и 4 април во седиштето на НАТО. На состанокот ќе се разговара за безбедносните предизвици, поддршката за Украина и подготовките за Самитот на НАТО во Хаг, како и за јакнење на партнерствата и одбранбените капацитети на Алијансата.
Македонија
Партијата Левица ја повикува власта веднаш да спроведе ветинг во МВР

„Последниот скандал со припадникот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, кој од просториите на СВР Велес изнел службени документи со доверлив карактер, е само уште една потврда за длабоко вкоренетата корупција во редовите на МВР. Ова не е изолиран инцидент, туку дел од поширок проблем што со години ја разорува безбедносната на државата“, велат од партијата Левица.
„Овој случај повторно сведочи за постоењето на “кртови” во полицијата, кои наместо да ја штитат безбедноста на граѓаните, соработуваат со криминални структури. Потсетуваме дека неодамна, кога Обвинителството се обидуваше да го разбие нарко-картелот „Грчец“, акцијата со кодно име „Планина” беше пробиена од корумпирани структури, овозможувајќи им на криминалните групи да се дадат во бегство.
Исто така, сѐ уште нема никаква информација за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој “исчезна“ без никаква реакција од институциите. Владата останува немоќна или незаинтересирана да објасни како Груби навремено успеал да избега, што дополнително го засилува сомнежот за системско потпомагање на криминалот од највисоките ешалони на власта.
Дополнително загрижувачки е фактот што МВР обзнани за случајот со оддавање службена тајна дури откако јавноста и медиумите веќе го разоткрија, а дотогаш, немаше никаква трага ниту во Дневните билтени на МВР за обезбедувањето на Мицкоски.
Индикативно е и што функционери и од претходната и од сегашната власт не ретко се фотографирани во друштво со лица од криминалното подземје. Па така и актуелниот премиер Мицкоски е фотографиран на гоштевање во Грчец со нарко-босови, што фрла сериозна сенка врз кредибилитетот на институциите во борбата против организираниот криминал.
Дополнително сомневање предизвикува и фактот дека информациите биле изнесени токму од СВР Велес, каде претходно разоткривме сериозни случаи на роднинско влијание од министерот Тошковски. До нас постојано пристигнуваат нови информации за непотизам и злоупотреби во оваа институција, што укажува на систематско вградување на лојални кадри кои не одговараат на законот, туку на партиските и криминалните структури.
Доколку власта навистина сака да покаже дека правдата и безбедноста е над партиските и личните интереси, тогаш Левица ги повикува веднаш да пристапат кон ветинг во МВР. Само темелна проверка и чистење на редовите на полицијата може да ја врати довербата во институциите и да обезбеди ефикасна борба против криминалот“, соопштуваат од партијата Левица.