Македонија
Филипче: Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 бележи пад

Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со Ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси 2%, односно од 11,5% на 15 јули на 9,7% на 23 јули, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи.
Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад…
Posted by Венко Филипче on Saturday, July 25, 2020
Тој наведува дека во континуитет, процентот на хоспитализирани од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12%.
„Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен“, апелира Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 10 до 18, а максималните од 25 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 16, а максималната 36 степени.
Од УХМР информираат дека од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Невреме во Скопје: паднати дрвја, поплавени улици, заглавени возила кај „Мавровка“

Поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот во Скопје по денешното силно невреме проследено со пороен дожд, град и грмежи. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека нема повредени лица.
ЦУК преку бројот за итни повици 112 прими пријава за паднато дрво на ул. „Кочо Битолјанов“, од спротивната страна на „Алкалоид“, во близина на Скопска Пивара. Постои опасност дрвото да оштети електрични кабли. Надлежните служби се известени и ќе постапат согласно своите надлежности.

На бул. „Никола Карев“ кај Бит Пазар, под Стоковна куќа Мост, има приближно 50 см вода. Целиот булевар е блокиран, а повеќе возила се заглавени.
Дополнително, пријавено е дека на ул. „Петар Манџуков“ во населба Бутел улиците се поплавени, шахтите се запушени и водата не се повлекува.
Добиена е пријава и за паднато дрво на ул. „Рузвелтова“, во близина на Сетек, Општина Карпош. Дрвото има блокирано три сообраќајни ленти, и во моментов проодна е само една лента.
Добиена е пријава и за поплавена улица на булеварот „Македонска Косовска Бригада“ во Општина Чаир. Неколку возила се заглавени, а паркот во близина е исто така поплавен.
Дополнително, пристигната е пријава за навалена бандера од уличното осветлување на улицата „Народни Херои“ кај Мечкаров, во Општина Кисела Вода.
„По денешното невреме кое ја зафати територијата на државата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ги активираше своите механизми за следење и координација. Директорот, Мухамет Али, во текот на целиот ден ја следеше ситуацијата и беше во континуирана комуникација со сите надлежни институции, со цел навремено и ефикасно справување со последиците од невремето“, велат од ЦУК.
Според моментално достапните информации, на повеќе локации се евидентирани материјални штети – поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот. Не се пријавени повредени лица.
Од ЦУК велат дека известени се и надлежните служби за водовод и канализација, противпожарната служба и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кои се во подготовка за постапување согласно своите надлежности.
ЦУК ги повикува сите граѓани да останат внимателни и да ги почитуваат препораките на надлежните служби, како и навремено да пријавуваат опасни или животозагрозувачки состојби на бројот за итни случаи 112.
Македонија
Николоски: Судството и обвинителството целосно потфрлаат

Перформансот на економијата е одличен, ги гледате бројките и резлтатите, ќе се почуствуваат, граѓните го гледааат ама не го чуствуваме. Потребно е најмалку една година откако ќе се случи тој економски напредок за да го почуствуваат луѓето на својот џеб и тоа ќе има континуитет, оценува вицепремиерот Александар Николоски.
„Во однос на корупцијата можам да кажам дека можеме повеќе и подoбрo пред сe во делот на судството и обвинителството. Мислам дека МВР коректно си ја работи својата работа, но МВР е една од алките во системот. Мислам дека судството и обвинителството целосно потфрлаат и оваа ситуација не може да остане вака. Знаете дека ние поведовме постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет на крај најдоа дупка во Законот и велат не поднесуваме оставка. Што морал да имаш да ти изгласаат недоверба во Собрание, а ти да продолжиш да седиш на таа маса и да носиш одлуки?“, истакна вицепремиерот Николоски.
Негова оценка за судството и обвинителството е дека не се на својата задача и не можат да ја следат оваа Влада предводена од ВМРО -ДПМНЕ.
„Перформансот што го дава оваа Влада на ВМРО -ДПМНЕ, судиите и обвинителите не можат да го следат”, изјави вицепремиерот Николоски.