Македонија
Филипче: Важно е да се поддржи училишниот процес, потребно е граѓаните да се вакцинираат
Во пресрет на новата школска година, министерот за здравство, Венко Филипче, порача дека многу е важно да се поддржи училишниот процес, со тоа што граѓаните ќе се вакцинираат. На овој начин, како што рече тој, ќе овозможиме децата да имаат безбеден училиштен процес.
„Утре почнува училишната година, која ќе биде со физичко присуство. Ова е многу важно за децата и учениците бидјеќи недвосмислено сите анализи покажуваат дека тие мора да одат на училиште и дека повторно одлагање на учебната година или учење онлајн е на нивна штета. Речиси сите земји во светот го вратија нормално училишниот процес, ќе го направиме тоа и ние“, изјави Филипче.
За граѓаните што од разбирливи причини бараат онлајн-настава, министерот Филипче им порача дека доколку се влошува состојбата или вирусот почне да се шири во училиштата, подготвени се алтернативни решенија. Во тој случај здравјето на децата нема да биде доведено во прашање.
„Со оглед на тоа што искуството од минатата година покажа дека трансмисијата на вирусот во училиштата беше прилично ниска, нема такви очекувања“, рече тој.
Филипче дополни дека бројките за ефикасност трета недела по ред ја потврдуваат ефикасноста на вакцината како оружје против Ковид-19. Болниците, за жал, се полни со невакцинирани пациенти, кои претставуваат 90 % од сите хоспитализирани, нагласи Филипче.
„За жал, исто така имаме сѐ поголем број млади пациенти со тешка клиничка слика бидејќи сега вирусот се штити кај нив. Затоа тие мора да се свесни дека никој не е заштитен и што побргу да се вакцинираат“, порача министерот Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

