Македонија
Филипче: Kапацитетот на возилата на итната медицинска помош е зголемен за 150%
Министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, беа во посета на Службата за итна медицинска помош во Поликлиниката Букурешт. Тие разговараа и се информираа за работата на целиот тим во однос на предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат при транспортот на пациенти, а пред сѐ со пациентите кои се дијагностицирани со вирусот Ковид-19.
„ Капацитетот на оваа служба е значајно зголемен во однос на тоа што беше пред 3 години. Сега има практично зголемен капацитет од над 100%-150% – од 7 сега близу 20 функционални возила. Околу 9 екипи се цело време активни на терен. Според најавата на матичните лекари се прави и координација соодветна, а сега ние договоривме нов начин, модул на координација помеѓу службата за итна медицинска помош, матичните лекари и главните болници каде се хоспитализираат пациентите болни од ковид 19 вирусот, а тоа е болницата 8ми Септември, Инфективната клиника и болницата во Козле“, истакна министерот Филипче.
Во изјавата за медиуми, тој рече дека доаѓа летен период, каде вообичаено се зголемуваат повиците кон Службата за итна медицинска помош. Во рамките на оваа служба има и служба за патронажни сервиси, домашна посета и сето тоа бара една поинаква координација. Во таа смисла, за време на денешната посета се разговараше и за начините на коишто тоа ќе се прави, со цел значајно да се скрати времето на чекање, посебно во овој летен период кога освен овие пациенти коишто се сега навистина прадизвик за транспорт има и други вообичаени јавувања.
„ Овие вработени здравствени работници тука, докторите, медицинските сестри, возачите се едни од првите во борбата со овој голем здравствен предизвик и навистина заслужуваат големи пофалби за нивната макотрпна, многучасовна секојдневна работа. Тие се влезени и во бројот на здравствени работници коишто ќе добијат соодветна награда за нивната работа во смисла на зголемување на примањата. Тие се врвни професионалци и се еден од столбовите на нашиот здравствен систем“, истакна министерот Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

