Македонија
Филипче: Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално

Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.
Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е.
Posted by Венко Филипче on Thursday, October 8, 2020
Вчера на прес-конференција тој соопшти дека Комисијата за заразни болести ќе предложи маската да биде задолжителна секаде, и на отворено и во затворен простор, а исклучок ќе бидат само децата до 6-годишна возраст. Исто така, маска нема да мора да се носи и при спортување и во автомобил само доколку сите лица се од иста фамилија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пороен дожд, грмежи и град ќе го погодат Скопје и повеќе градови

Денеска нѐ очекува променливо и нестабилно време со сериозни услови за локално невреме, предупредуваат метеоролозите.
Според најавите, во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи, а на одредени локации се очекува пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
„Процесите ќе бидат поинтензивни на неколку места и може да се развијат во форма на краткотрајно, но силно невреме“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Најризични се попладневните и вечерните часови.
Минималните утрински температури ќе се движат од 5 во Маврово и во Берово до 12 во Гевгелија, а максималните дневни од 12 во Маврово и 25 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината се очекува нестабилност со пороен дожд, силен ветер и појава на грмежи. Постојат услови и за изолирана појава на град. Температурата во главниот град ќе се движи од 12 до 23 степени.
Македонија
„Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност“, прашува СДСМ

„Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и нефункционирањето на институциите под раководство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски“, велат од СДСМ.
„Граѓаните на Скопје и цела Македонија се чувствуваат небезбедно на улиците, додека криминалот и насилството се шират на секој чекор.
Наместо ефикасна превенција и реакција, сведоци сме на институционален хаос и нефункционалност на Министерството за внатрешни работи.
Оваа неспособност загрозува човечки животи.
Уште колку луѓе треба да загинат по улиците за Тошковски да понесе одговорност?
Министерот Тошковски мора веднаш да преземе одговорност за загрозената безбедност.
СДСМ бара итна и транспарентна истрага за престрелката, целосно расветлување на настанот и изведување на виновниците пред лицето на правдата.
Дополнително, потребна е промена на безбедносниот систем и засилени мерки за зајакнување на јавната безбедност, особено во чувствителни области.
Граѓаните не заслужуваат да живеат во страв, граѓаните заслужуваат мирен и безбеден живот, а институциите мора да обезбедат сигурност“, соопшти СДСМ.
Македонија
Единствената работа што беше организирана во владеењето на СДС и ДУИ беше криминалот, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„А ако станува збор за организираност и наведувањата дека оваа Влада е неорганизирана, би констатирале само дека единствената работа во која што владата на СДС и ДУИ беше организирана беше криминалот, организираниот криминал, затоа и впрочем нема да се чепне или да се направи ревизија на работењето, а да не излезе од тоа некаква форма на организиран криминал правен од претходната влада во таа институција“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Венко Филипче.
„Оттука, и логично е што на СДС ние им делуваме неорганизирано затоа што нивниот впечаток и критериум за организираност е исклучиво за организираност во некој криминал, тие не се навикнати на организирана работа на проекти, затворање дупки и реформи, затоа и ваква забуна се создава кај нив.
За нив најорганизиран и за пример е веројатно нивниот партнер ДУИ со кои градат специфичен однос на ниво на политички и коруптивен садомазохизам, што може да е нов правец во политичката култура во државата“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.