Македонија
Филипче: Забраната за јавни собири да се продолжи уште една недела
Министерот за здравство, Венко Филипче, од Владата ќе побара забраната за одржување јавни собири како превенција од коронавирус да се продолжи уште една недела, односно до 13 март. Епидемиолозите утрово од него побарале продолжување на рокот поради сè поголемиот број заболени во Европа и регионот.
„Оваа мерка е поради контируираното зголемување на бројот на заразени. Бројот на заболени во регионот Европа денес е 4.250, 1.000 повеќе од вчера. Во нашиот регион нови случаи има во Словенија – еден и во Република Српска двајца. Поради тоа, оваа мерка треба да продолжи, а постојано ја следиме состојбата и за поригорозни мерки“, рече министерот Филипче.
По засилувањето на мерките против коронавирусот во Италија, министерот Филипче добил известување од нашиот конзул во Италија дека има најави за наши државјани што работат во Италија дека сакаат да се вратат дома. Министерот вели дека е постојан контакт со конзулот за да имаат увид во поголемите групи што би пристигнале од Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

