Македонија
Филипче: Законот за Кочани беше реална потреба за настраданите во трагедијата

Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани, кој не доби поддршка во Собранието од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, беше закон за задоволување на реалните потреби на семејствата погодени од трагедијата, рече Филипче на денешната прес-конференција.
Филипче потенцираше дека ниту некој од власта ги примил, ниту некој ги ислушал родителите кои имаат многу да кажат и на кои реално им е потребна помош.
„Не го поддржаа нашиот закон којшто немаше апсолутно никаква политизација на случајот во Кочани едноставно задоволување на реалните секојдневни потреби на семејствата коишто се соочија со жртви или со повредени во трагедијата во Кочани и сето тоа е реалната слика во земјата“, рече Филипче.
Посочи дека чаурата во којшто се наоѓа оваа влада е се потесна. Револтот на граѓаните се чувствува, а власта нема слух.
„Не се свесни за револтот и гневот кој што луѓето го чувствуваат заради многу работи, заради платите, заради трошоците, притисок којшто го прават на фирмите. Немањето повратен ДДВ, револтот којшто се излева на улиците поради настанот и трагедијата во Кочани, во којашто загинаа 62 деца“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.