Македонија
Филипче: Значајно е зголемен процентот на преживување на предвремено родените бебиња
По повод Светскиот ден на новородените бебиња, на плоштадот Македонија беше одржан настан на кој свое обраќање имаа министерот за здравство, Венко Филипче, директорката на ГАК, Викторија Јовановска, и директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова.
Министерот јавно им честита на експертите кои работат на делот за неонаталогија. Тој посочи дека стратегијата за инвестирање во опрема и подигање на знаењето е направена уште пред 4 години и благодарение на странски експерти беа воведени многу нови протоколи, патеки за лекување. Оттука сега може да се пофалиме со досега постигнатото.
„Искрено верувам дека со истиот ентузијазам, истата енергија, истата посветеност колегите ќе продолжат да работат и понатаму, најголем акцент ставаме таму каде што е најбитно, а тоа е здравјето на младите, односно бебињата“, изјави министерот Филипче.
Денеска е еден битен ден на одбележување, што значи и укажува на тоа колку е важно и што значи да се подобри целокупниот систем во која било земја во светот за да се подобри степенот на прежувување на предвреме родените бебиња, отцени министерот Филипче. Тој понатаму образложи дека станува збор за некаде околу 25 проценти од вкупниот број на раѓања во нашата земја, кои традиционално се пораѓаат на Клиниката за ГАК, болницата во Чаир каде што има екпертиза. Интензивната нега на Клиниката за ГАК и болницата во Чаир се двете институции кадешто тие се третираат.
„Многу е битно да се потенцира дека во изминатите 4 години, постигнавме многу значајни резултати. Процентот на преживување на предвремено родените бебиња значајно се зголеми, односно смртноста во 2016 година кога беше 25, сега е 8,9 проценти. Ова е резултат на делот на инвестиција кој го правиме, на делот на третман на родилките и на бебиња, како во делот на оние коишто се раѓаат навреме и оние кои се предвреме родени. Ние сме единствена земја во светот којашто има значајно намалување на вкупната смртност на предвреме родените бебиња и во споредба со 2016 година, истата е преполовена“, изјави Венко Филипче.
„Ако не функциониравме како целина, немаше да го имаме овој успех, како вработените во Клиниката за ГАК, така и вработените на Детската клиника и Гинекологијата во Чаир, кои во секое време излегуваа во пресрет кога беше потребно. Заеднички го постигнавме овој успех“, кажа директорката на ГАК, Јовановска.
Во изјавата, директорката Софијанова образложи дека Детската клиника години наназад се справува со прематуритетот и во соработка со сите институции, најтешките случаи завршувале тука. Според неа само заеднички, тимски се реализира изнаоѓање начин за подобрување на квалитетот на животот и овие предвремено родени новородени бебиња да израснат во навистина здрави идни деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска со почеток од 12 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Адвокатите на Заев вршеле притисок, предметот „Пуч“ останал неотворен во СЈО
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наместо како независнa институција, функционирало како партиски штаб на СДСМ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста, повикувајќи се на изјави од поранешната обвинителка Лејла Кадриу.
Според Кадриу, четворица адвокати на Зоран Заев во времето на СЈО вршеле притисок врз обвинители за предметот „Пуч“.
„Во СЈО дошле 4 адвокати на Зоран Заев, да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч“. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК, за да може предметот да биде работен од СЈО“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што се наведува, предметот потоа бил донесен во СЈО, спакуван во кутии и фолија, и доделен на обвинителките Ленче Ристоска и Лиле Стефановска, но не бил процесуиран.
„Предметот бил оставен да фаќа прашина, а обвинителките не оделе на рочиште, што според обвинителката Кадриу, тој предмет и денес ако се најде, се уште би бил со заштитна фолија, ниту отворен, ниту разгледан. Кадриу тврди дека предметот бил префрлан и чуван без суштинска постапка, што отвора сомнежи за неговото реално процесирање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Кадриу посочува и дека најмалку уште два предмети, меѓу кои случаите поврзани со Гордана Јанкуловска и Нешковски, биле политички мотивирани и користени за постигнување одредени политички цели, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство да ги истражи наводите темелно и непристрасно, со цел, како што наведуваат, да се утврди вистината и евентуалната одговорност.
Македонија
СДСМ: Владата сака авион за Мицкоски, но не и 600 евра минимална плата
СДСМ обвини дека Владата ги игнорира барањата за покачување на минималната плата на 600 евра, додека истовремено најавува набавка на нов владин авион.
„Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошница одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра“, се наведува во партиското соопштение.
Според СДСМ, пратениците од коалицијата ВМРО-ЗНАМ го блокираат предлог-законот за зголемување на минималната плата и поддршка на компаниите, поднесен од оваа партија. Партијата оценува дека со тоа директно се ускратува финансиска помош за работниците и стопанството.
„Владата сака да купи нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, стои во соопштението, во кое се наведуваат и споредби со луксузите од времето на Никола Груевски, како и со, како што велат, личниот луксуз на актуелниот премиер.
СДСМ истакнува дека ќе продолжи да се бори за „економска правда и враќање на достоинството на граѓаните“.

