Македонија
Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница
Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во Козле каде има заболени здравствени работници. Тој кажа дека сите кои имаат потреби од услугите кои ги нудел заводот, сега ќе ги добијат во болницата „8 Септември“.
Досега не се изработени резултатите од тестирањето на пациентот од Битола и жената од Лабуништа, која почина вчера на струшката клиника. Филипче најави дека резултатите ќе бидат дополнително соопштени.
„Мобилната болница е при крај. Завршен е доводот на греењето и ладењето, како и доводот на воздухот. Има слободен капацитет на клиниката за Инфективни болести. Во тек е надополнувањето на кадри согласно планот за ротација за поддршка на персоналот кој работи на Инфективната клиника“, посочи министерот.
Во однос на болницата во Охрид, каде директорката беше разрешена, Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврдил пропусти.
„Завршен е увидот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Утврден е пропуст и ќе бидат преземени сите мерки. Новиот директор ја презема целата болница и прави реорганизација“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

