Македонија
Филипче и СДС местеа тендери во четири очи, кои ги затскриваа зад здравствената криза, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Филипче и СДС работеле на штета на јавното здравје на граѓаните. Филипче и СДС работеле надвор од законските процедури. Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија. Деструктивните политики на Филипче, СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството, како историскиот скандал на Онкологија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни. Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.
Филипче дозволи здравствениот систем да се распадне, а неговиот мандат беше обележан со недостиг на регистар за следење на онколошката терапија.
Филипче во паника се обидува да се оправда, но заборава дека нему му се случи модуларната болница.
Филипче набавуваше вакцини за ковид од непостоечка фирма во Кина, Филипче беше неспособен да набави вакцини, имаше недостиг на маски за медицинските работници сред ковид пандемија, немаше кислород и болнички кревети, медикаменти, тестови за ковид и опрема.
Филипче и СДС местеа тендерите во четири очи, кои ги затскриваа позади здравствената криза. Филипче треба да знае дека оваа влада не работи „како до сега“ и не работи на реверс со кршење закони и крадење ампули.
ЈО да отвори истраги за да се испитаат сите прекршувања на закони, процедури, постапки и тендери во здравството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

