Македонија
Филипче: Комисија ќе ја истражува смртта на 33-годишната пациентка на која ѝ беше изваден миом
Дали има лекарска грешка за смртта на 33-годишната пациентка на која ѝ беше изваден миом од матката ќе утврдува комисија што ќе ја формира министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој минатата недела најави дека ако има потреба, ќе се направи и стручен надзор на целиот случај, а денес извести дека ќе ја формира комисијата.
„За овој случај инициравме и стручен надзор. Во текот на денот или најдоцна в понеделник ќе се формира комисијата за и тој случај да се расчисти“, рече министерот Филипче.
Вонредниот увид на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е сѐ уште во тек. Се прави увид во сите здравствени установи во кои минала 33-годишната пациентка.
Од Инспекторатот веќе известија дека ја бараат целата документација поврзана со случајот од Клиниката за гинекологија, каде што била примена и оперирана, од Клиниката за дигестивна хирургија, каде што била препратена и повторно оперирана, од КАРИЛ, каде што била пренесена пред да почине, како и од матичниот гинеколог и матичниот лекар.
Семејството на починатата обвини за лекарска грешка кога на Клиниката за дигестивна хирургија откриле дека тенкото црево на четири места ѝ било продупчено и сошиено откако ѝ бил изваден миом од матката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

